Македонија
(Видео) Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Белгија и Данска
Претседателот Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Белгија и на Кралството Данска.
На церемонијата на предавање акредитиви од страна на Фредерик Мерис, новоименуван амбасадор на Кралството Белгија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, претседателот Пендаровски истакна дека во изминатиот период двете земји изградија блиски пријателски односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области, а Кралството Белгија е голем пријател и искрен сојузник во процесот на нашите европски и евро-атлантски процеси.
Нагласувајќи дека оваа година е значајна за нашата земја бидејќи официјално станавме 30-та земја членка на НАТО, претседателот Пендаровски рече дека во наредниот период следува уште еден значаен процес за кој ја очекуваме и поддршката од Кралството Белгија како една од земјите основачи на Европската Унија, до крајот на оваа година да ја одржиме Меѓувладината конференција и формално да ги почнеме пристапните преговори за полноправно членство со Унијата.
Билатералните односи се одлични и се изградени врз основа на споделени стратешки интереси, рече амбасадорот Мерис на церемонијата на предавање на акредитивните писма додавајќи дека двете земји веруваат во алијансата заснована врз заеднички вредности и заложби.
На церемонијата на предавање на акредитивите од страна на Сузан Шајн, новоименувана амбасадорка на Кралството Данска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, претседателот Пендаровски рече дека двете земји во континуитет градат пријателски, сојузнички и партнерски односи, што резултираа со успешен развој на билатералните односи во повеќе сфери на општественото живеење.
Истакнувајќи го значењето на поддршката од Кралството Данска за интегративните процеси во регионот, претседателот Пендаровски изрази уверување дека европската перспектива на земјава многу бргу ќе биде унапредена, прво со усвојување на преговарачката рамка, а потоа и со одржувањето на првата меѓувладина конференција и формалното започнување на пристапните преговори.
Амбасадорката Шајн рече дека двете земји имаат солидни билатерални односи и соработка во повеќе области од заемен интерес изразувајќи надеж дека тие ќе се продлабочат и унапредат во периодот што следува.
Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.

