Македонија
(Видео) Пендаровски: Најголемото признание за припадниците на Армијата е довербата што во нив ја имаат македонските граѓани
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/pendarovski-armija-5.jpeg)
Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска се обрати на централната прослава за одбележување на 18 Август – Денот на Армијата.
Во рамките на настанот претседателот Пендаровски со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија одликува 13 припадници на Армијата, а со Медал за храброст одликува 60 припадници на Армијата, известуваат од кабинетот на претседателот.
„Најголемото признание за припадниците на Армијата не се ордените и медалите, туку довербата што во нив ја имаат македонските граѓани. Таа доверба, која е висока во континуитет, не се купува со пари, ниту се изнудува со сила, туку се стекнува со посветена работа за она што е најважно за една држава и нејзините граѓани. Имено, Армијата е чувар на сè она што го држи македонското општество заедно, од заштита на територијалниот интегритет и суверенитет преку придонесот кон мировните мисии и колективната одбрана, па сè до справувањето со последиците од елементарните непогоди. Со таквото свое однесување припадниците на Армијата нè потсетуваат сите нас на нашата индивидуална, но и колективната одговорност, да се грижиме за општото добро, а тоа е опстанокот на нашата заедничка република“, рече Пендаровски.
„Ова денес е исклучително тешка мисија. Децениите етнизација на политиката, партизација на институциите и поларизација во општеството го истиснаа јавниот интерес на маргините. Поради културата на неказнивост, корупцијата, непотизмот и криминалот станаа најголема закана за општото добро. Раширената перцепција за некапацитетноста на институциите да обезбедат еднаквост пред законите ги деморализира граѓаните. Па, наместо одговорност за општото добро, ние денес често сме опседнати со теснопартиски цели и лични интереси.
Во вакви услови да се врати општото добро во центарот на јавниот живот е тешка, но не и невозможна мисија. Ја имаме поддршката од огромното мнозинство наши граѓани, но и од многу наши пријатели од странство. Меѓу другите значајни настани, годинава Армијата одбележува 30 години соработка со Националната гарда на Вермонт, меѓутоа македонско-американското стратешко партнерство не може да се сведе само на воената димензија. Тоа е и однос во кој двете страни споделуваат исти вредности, меѓу кои на прво место се демократијата и владеењето на правото“, изјави Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.