Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски: Очекувам да влезам во вториот круг и да ги добијам изборите

Објавено пред

Со отворање на централниот изборен штаб во центарот на Скопје од денеска почнува изборната кампања на кандидатот за претседател – Стево Пендаровски. До првиот круг на гласање предвидено е Пендаровски да посети над 60 населени места во земјата.

Во изјава за медиумите кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека иако зад себе има петгодишен мандат и македонските граѓани многу добро знаат за што се залагал како претседател, за што бил против и знаат што може да очекуваат и во следните пет години, Пендаровски рече дека сака со граѓаните да ги сподели своите ставови за прашањата со специфична политичка динамика.

„Јас мислам дека контекстот изминативе 5 години малку се има изменето, и регионалниот и внатрешниот, се разбира и меѓународниот со војната во Украина и дека би требало да ги кажам и нивелирани моите ставови за некои прашања што имаат посебна специфична политичка динамика. Очекувам дека во првиот круг, бидејќи има многу кандидати како никогаш до сега во македонската историја, гласовите ќе се поделат на повеќе страни и не очекувам дека некој има каква било шанса да добие во првиот круг. Меѓутоа, во вториот круг очекувам да влезам и да ги добијам изборите на крајот“, додаде Пендаровски.

Изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски се наоѓа на улицата Никола Вапцаров, односно во близина на плоштадот Македонија. Во него граѓаните секојдневно ќе може да се информираат за програмата за работа на Пендаровски во следните 5 години, за изборниот карван, како и за сите други прашања од нивен интерес, се наведува во соопштението.

Најново

Македонија5 минути

Корисниците од дел од „Џон Кенеди“ утре без вода, намален притисок ќе има во населбата Топанско Поле

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во вторник поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 мм. на улицата...

Спорт8 минути

(Видео) Кога го нема Дончиќ тука е Ривс – Лејкерси лесно се справија со Детроит

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Детроит Пистонс со 121:116 во ноќта зад нас. Поради повреда на долниот дел од грбот,...

Свет15 минути

(Видео) Првото големо интервју на Трамп по дебаклот: „Отидовме предалеку со депортациите“

Неколку дена по слабиот резултат на Републиканците на изборите за Конгресот, претседателот Доналд Трамп ги бранеше своите економски политики и...

Забава28 минути

Никол Шерцингер објави видео на кое вежба: нејзините обожаватели се воодушевени

Никол Шерцингер објави видео на Инстаграм кое брзо собра голем број допаѓања и реакции. Групата „The Pussycat Dolls“ направи голем...

Забава34 минути

Правите „планк“, но стомакот не ви се затегнува? Четири грешки поради кои оваа вежба не дава резултати

Вежбата „планк“ е одлична за зајакнување на мускулите на трупот (т.н. „core“), но само доколку се изведува правилно. Овие четири...

Забава39 минути

Познат фризер објави досега невидени фотографии од Џеј Ло – таа е целосно гола

Фризер на славните личности сподели досега невидени фотографии од познатата Џенифер Лопез на социјалните мрежи, оставајќи ги сите без зборови....

Европа43 минути

(Видео) Русија го остави Киев без струја: луѓето излегоа надвор и направија скара

Жителите на станбениот комплекс „Варшавски“ во Киев пронајдоа необичен начин да се справат со неодамнешниот вечерен прекин на електричната енергија:...

Македонија48 минути

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, порача СДСМ

„Трајко Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата на Aлта банка. Сега има уште многу малку време да го...

Свет56 минути

(Видео) Путин ја напаѓа Украина веќе речиси 5 години; Трамп: Зеленски покажа големо непочитување

Во интервју за емисијата „60 минути“, претседателот Доналд Трамп изјави дека ја смета „омразата“ помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и...