Македонија
(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад
Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош откога вдишиле од чадот.
Според информациите од МВР, пожарот избувнал синоќа, а противпожарната бригада добила пријава дека огнот се раширил од магацин на неутврдена површина на улицата Прохор Пчински во Скопје.
Пожарот зафатил и продавница, а интервенирале 20 пожарникари со седум противпожарни возила.
Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а според информациите, биле евакуирани 100-ина лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пренџов за Извештајот од Европската комисија: Брисел јасно укажува дека судството тоне во корупција
Денеска во Собранието, во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за 2023 година се обрати пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
Пратеникот Пренџов посочи дека во Извештајот е нотирано дека нема никаков напредок во делот на судството, додека пак состојбата со корупција е загрижувачка.
Додаде дека она што може да го види низ медиумите е дека членовите од Судскиот совет се однесуваат како да живеат во паралелен универзум со оглед на тоа што ние имаме секојдневни контакти со граѓаните.
„Вие како Судски совет немате кредибилитет и авторитет да воспоставите правичен судски систем во Република Македонија. Сметав дека после ова што се случува и што го бараат граѓаните на оваа држава дека денес вие требаше да донесете папки во кои ќе беа депонирани вашите оставки, граѓаните ги бараат вашите оставки“, рече Пренџов
Пратеникот Пренџов се обрати на членовите на Судскиот совет, укажувајќи им дека од анализите и критиките за судството во Македонија зборуваат дека не можат да се пофалат со судските одлуки кои ги носат затоа што и тоа го покажува и довербата од граѓаните од 2%.
„И Европската унија не ве цени како што вие мислите дека ве цени“, заклучи Пренџов.
Македонија
Таравари: Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари
„Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Прим. д-р радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василевски и технологот за радиологија, Фанче Јованоска, ги загубија животите додека одеа да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа.
Најдлабоко сочувство до нивните семејства, пријателите и колегите“, додаде Таравари.
Скопје
Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош
По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, велат од општина Карпош.
„Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.
Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар.
Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба.
Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се наведува во соопштението на општина Карпош.