Македонија
(Видео) Последната снимка на членовите од бендот „ДНК“ Ѓорги Ѓорѓиев и Филип Стевановски

Меѓу починатите во големата трагедија во дискотеката во Кочани се и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски и Ѓорѓи Ѓорѓиев, редовен член на бендот на „ДНК“.
Стевановски на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
Синоќа на социјалните мрежи двајцата членови пред почетокот на настапот го објавија и последното видео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Имаше очи што зборуваат, Сарке мила, ќе те паметам дур дишам: Игор Џамбазов се прости од Сара Пројковска

Јавните личности продолжуваат да се простуваат од своите колеги, пријатели и соработници кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката Кочани.
„Имаше очи што зборуваат. На земја те соборуваат. А под нив една насмевка вредна вечност.
Сарке мила, ќе те паметам дур дишам“, напиша во прошталната порака на социјалните мрежи Игор Џамбазов за Сара Пројковска која го изгуби животот во пожарот.
Македонија
Бектеши со лисици на рацете однесен од полициската станица во Карпош пред судот во Кочани

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, со лисици на рацете, придружван од полицајци од полициската станица во Карпош ќе биде превезен во Кочани, каде ќе треба да даде исказ пред судија на претходна постапка.
Претходно државниот обвинител, Љупчо Коцевски, информираше дека за Бектеши и уште 13 лица ќе се бара краткотраен притвор.
Издавањето на лиценца за дискотека е под надлежност на Министерството за економија. Дискотеката „Пулс“ приложила фалсификувана лиценца издадена во март, 2024 година.
Во пожарот во дискотеката загинаа 59 млади лица, а повеќе од 100 се здобија со повреди и се лекуваат во државата и во неколку други земји, меѓу кои Бугарија, Србија, Грција.
Македонија
Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно.
Во пожарот, животот го загубија вкупно педесет и девет млади луѓе, а повеќе од 100 лица се повредени.
Низ улиците се слуша плач, тага, но и гнев кон системот кој повторно потфрли, дозволувајќи со години, без лиценца, младите луѓе да се забавуваат во руиниран објект кој нема никакви безбедносни гаранции.
На денешниот протест се бараше правда, а беше демолирано и кафулето чијшто сопственик ја поседува изгорената „Пулс“.
„Младите ни заминаа, како да се опоравиме од ова?“, коментираа граѓаните кои во плач се придвижија на протестот.
„Бараме одговорност“, велат тие.
Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија, Крешник Бектеши. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски информираше дека во моментов и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка, е во зградата на Обвинителството и дава исказ. Граѓаните се собраа пред општинската зграда и го повикуваа да излезе, но тој не се појави пред нив, ни вчера ни денес.
Премиерот, Христијан Мицкоски, тврди дека Папазов нема никаква вина, но ја поздрави неговата одлука да поднесе оставка од морални причини. Тој рече и дека минатата година биле издадени само 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку многу клубови работат во државата. Како што додаде, сите кои се без лиценци ќе бидаат затворени и ниту еден клуб нема да работи нелегално.