Македонија
(Видео) Премиерот им вети на социјалдемократките еднаква застапеност во парламентот
Премиерот Зоран Заев на обраќањето на денешниот Форум на жените на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија на кој беше одбележан нивниот 20. роденден, им вети родова еднаквост и 50 отсто застапеност во парламентот до крајот на неговиот мандат.
„На роденден не се доаѓа без подарок, а јас денеска ви го подарувам моето срце. Ветувам дека до крајот на мојот мандат застапеноста на жените во извршната власт ќе биде еднаква со застапеноста на мажите. Горд сум на сите вас и ви благодарам за сите успешни битки во кои учествувате безрезервно. Ние ќе бидеме првата политичка партија кај нас која во своите редови ќе има рамноправна родова застапеност“, рече премиерот Заев.
На денешниот Форум на жените што се одржа во салата на Националната опера и балет беше одбележана 20. годишнината од основањето и неколку пати беше потенцирано дека од занемарлив процент на 4 отсто жени во Парламентот, со сите заложби денеска овој процент е поголем од 30 остсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

