Македонија
(Видео) Премиерот им вети на социјалдемократките еднаква застапеност во парламентот

Премиерот Зоран Заев на обраќањето на денешниот Форум на жените на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија на кој беше одбележан нивниот 20. роденден, им вети родова еднаквост и 50 отсто застапеност во парламентот до крајот на неговиот мандат.
„На роденден не се доаѓа без подарок, а јас денеска ви го подарувам моето срце. Ветувам дека до крајот на мојот мандат застапеноста на жените во извршната власт ќе биде еднаква со застапеноста на мажите. Горд сум на сите вас и ви благодарам за сите успешни битки во кои учествувате безрезервно. Ние ќе бидеме првата политичка партија кај нас која во своите редови ќе има рамноправна родова застапеност“, рече премиерот Заев.
На денешниот Форум на жените што се одржа во салата на Националната опера и балет беше одбележана 20. годишнината од основањето и неколку пати беше потенцирано дека од занемарлив процент на 4 отсто жени во Парламентот, со сите заложби денеска овој процент е поголем од 30 остсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицкоски: Ви ветувам дека на 12 април ќе го поразиме криминалот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати пред граѓаните на општина Ѓорче Петров, во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија“ и порача дека за време на посетите на македонските населени месета се соочува со луѓе кои се полни со разочарувања од актуелната состојба во државата .
„Луѓето не веруваат дека ќе имаат иднина во оваа држава, разочарани се, а има и такви што практично едвај крај со крај трпат да го поминат месецот“, рече партискиот лидер.
Во продолжение, тој кажа дека има многу неисполнети ветувања од страна на актуелната власт, а како пример ги наведе загедениот воздух и најавените реформи во образованието.
„Денеска, три години потоа не само што не го дишеме ветениот алпски воздух, не само што не го дочекавме тоа лажливо ветување туку денеска Скопје руши рекорди на светската скала по најзагадени градови. Никој од вас не ги тераше да ветуваат студентски градови и реновирани студентски домови, образование кое што младите луѓе ќе го добиеле како нивните врсници во Европа и во развиениот свет, па таа младинска гаранција. Па дополнителни стимулации за младите земјоделци и што ли уште не. Лага, до лага. Таква е денеска реалноста нема ниту студентски град, ниту реновирани студентски домови, а за квалитетно образование ниту станува збор“, порача Мицкоски пред присутните.
Тој посочи и дека денес не само што се празни македонските села, туку младите ги напуштаат и градовите.
„Излегуваат статистики на светските листи, 2018. година е рекордна година на иселување на граѓани од Македонија, повеќе од 33.000 наши сограѓани трајно ја напуштија Македонија. Зошто? Затоа што нема перспектива, затоа што се разочарани, затоа што се исплашени за иднината на нивните семејства, на нивните најмили, на нивните дечиња, внуци. Тоа е главниот проблем“, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Зорен Заев не бирал зборови и ветувања само за да дојде до фотелјата за да може, како што кажа, да го избрише своето криминално минато.
„За случајот ‘Поткуп’ цела држава и меѓународна заедница гледаa како бара мито за работа која што како градоначалник мора да ja заврши, и што, сега ќе ме убедува дека бил невин, дека тоа што сме го гледале – не сме го гледале, тоа што сме го слушале – не сме го слушале. Еднаш криминалец – цел живот криминалец, ама криминалот ќе биде поразен на 12 април 2020, јас ви ветувам“, истакна Мицкоски.
Тој пред присутните граѓани од Ѓорче Петров зборуваше и за иницијативата за проверка на потеклото на имотот на политичарите, но рече дека за ова нема одговор од страна на власта.
„Ајде заедно да донесеме закон во парламентот каде што ќе се испита потеклото на имот на сите политичари, и еве јас се пријавувам како прв доброволец, да бидам, од мене да почнат. Ајде да почнеме да видиме кој од политичарите и како го стекнал сопствениот имот. Да видиме кои семејства стократно или илјадакратно во рок од неколку години го имаат зголемено својот имот, да видиме врз основа на што го зголемиле својот имот, еве јас да бидат првиот како пример и моето семејство. Нормално дека нема одговор, затоа што знаат дека не се чисти, затоа што знаат дека така брзо и така многу не се стекнува имот со чесна и честита работа, туку со работи кои што се се, само не се чесни и честити“, кажа Мицкоски.
На крајот порача дека како политичар е свесен оти на народот му е преку глава и сака политичките измамници да си заминат и додаде дека затоа е сигурен во огромна победа на 12 aприл.
Македонија
Жерновски-Жбогар: Чекориме заедно со младите Европејци

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, заедно со амбасадорот на ЕУ во земјата, Семјуел Жбогар, имаше свои излагања на завршната церемонија на „Младинскиот самит Скопје“, кој се одржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка и од Романија.
Како клучен младински настан од регионот, заменик-министерот и амбасадорот го оценија самитот како одлична можност да се промовира демократското единство, кое ги зајакнува продемократскиот дискурс и убедувањата меѓу младите во регионот на Западен Балкан и пошироко дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество во светот.
„За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, истакна Жерновски во излагањето.
Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската Унија во нашите општества, Жбогар и Жерновски нагласија дека со декларацијата што ја усвоиле маладите покажале дека сериозно го потврдуваат својот зрел пристап кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет.
Македонија
Заев: Бројот на ученици што спротуваат сакаме да го зголемиме од 5.000 на 50.000

Остануваме на намерата преку моделот на училиштен спорт да го зголемиме бројот на учениците што спортуваат од сегашните 5.000 на 50.000 во основното и средното образование, рече премиерот Заев при увидот во градежните работи за изведба на спортска сала при основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Волково.
Се работи за спортска сала од 650 квадратни метри со вкупна вредност од 24 милиони денари (400.000 евра).
Во изјавата за медиумите премиерот истакна дека изградбата на оваа спортска сала е во духот на реформите во основното образование и новиот Закон за основното образование, каде што има тандем наставници за изучување на предметите по физичко образование како една од стратешките определби на Владата.
„Селото Волково и училиштето ‘Јоаким Крчовски’ првпат добиваат спортска сала по 60 години, која се гради од Министерството за образование и наука со помош и со поддршка на Општина Ѓорче Петров и ќе им служи на 367 ученици од село Волково и село Орман“, нагласи Заев.
Тој при увидот во градежните работи, кои се очекува да завршат во мај в година, беше придружуван од заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“