Македонија
(Видео) Ременски: Имаме шанса да направиме разузнавачка агенција што нема да биде злоупотребувана во политички цели
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/Slika-Remenski.jpg)
Реформата на безбедносно-разузнавачки заедници во државата е особено потребна за обезбедување висок степен на ефикасност и успешно функционирање на безбедносните служби, посочи потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, во своето обраќање на 90. седница на Собранието.
„Со овој закон, Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, за првпат по толку години, имаме шанса да конституираме агенција што нема да биде злоупотребувана во политички цели. Оваа реформа се отвора по неколку години години законско нерегулирање на безбедносните служби и можеби отткука, безбедносните структури свесно создавале можности за злоупотреба на службите, со тоа што ја оставале да дејствува надвор од законски утврдени рамки. Сега имаме можност тоа да го коригираме и уредиме без да стравуваме дека во инднина ќе ни се случуваат работи што ги сведочевме во минатото“, истакна Ременски.
Таа посочи дека особено важно е реформите на безбедносните служби да не бидат сфатени како политички реваншизам бидејќи нивната единствена улога е професионализирање на безбедносниот систем и негово ослободување од партиски и политички влијанија.
„Силно ќе се заложам оваа реформа да не добие епитет на политички реваншизам бидејќи како пратеници и предлагачи на Законот не смее да си дозволиме таков товар. Но, во ниту еден случај не треба да дозволиме реформата да ја прават оние кои биле директно вмешани во злоупотребата на безбедносните служби. Ќе сторам сè за да имаме дебата во која ќе се вреднува професионализмот, но не оној професионализам што значи успешен и сомнителен транзит од една кон друга политичка структура, туку професионализам што треба да обезбеди лојалност кон државата“, рече потпретседателката на владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.