Контакт

Македонија

(Видео) Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите, тврди Јакимовски

Објавено пред

Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

„По проверките на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови, одѕивот беше многу голем. До сега се отповикале 330 влезови од згради. Инаку општина Карпош има 820 згради и 1.500 влезови. Значи, до сега одговориле 330 и уште 250 се јавиле на нашите телефони за дополнителни инструкции. Од онаа контрола што е направена од нашите инспекциски служби, само една зграда е исправна, како што викаат по ПС (правила на службата). Тоа е зградата на Адора. Значи има 41 противпожарен апарат. Во 18 станови исто така има ПП апарати. Има повеќе апарати со ЦО2 за гасење на пожар од електрична инсталација. Има уште еден специјален систем за гасење на пожар, панични светла и се што треба по ПС. Значи само една зграда во Карпош е таква каква што треба, како што бара законот. За жал не можеме истото да го кажеме за другите згради“, рече Јакимовски.

Градоначалникот соопшти дека информациите што ги добиваат службите во општината ги праќаат до Дирекцијата за заштита и спасување, но оттаму нема никаков повратен одговор.

„Сите овие добиваат инструкции што треба да направат од страна на нашите служби. Нашите служби се јавуваат директно во Дирекцијата за заштита и спасување, праќаат меилови… но ги нема нигде. Дали се отселени на друга планета, или што се случува со нив, за да ние тоа го работиме во координација, за евентуално инструкции да добиеме во оваа работа, но за жал тоа го работиме сами, иако најодговорен за оваа работа е ДЗС“, вели Јакимовски.

Првиот човек на општината информира и дека се пишани 21 казна на локали кои воопшто не отпочнале постапка за обновување на дозвола, една казна е напишана за неисполнување на еколошките стандарди, а два ноќни клубови одбиваат соработка со инспекторите, при што едниот се заканувал дека тој бил закон.

Што се однесува до почитување на еколошките стандарди, проверени се 110 објекти, од тие 90 се е во ред, на 18 соодветните елаборати им се во постапка на изработка, еден е во тек на реновирање, и на еден му е пишана казна затоа што и претходно бил опоменуван и не постапил согласно напатствијата на инспекторот за екологија, додаде.

„Правните лица секаде имаат ПП апарати, хидранти итн… значи со правните лица имаме најмалку проблем. Што се однесува до кафеаните, кафулињата, ноќните клубови, дискотеките, состојбата е следна: од 115 проверени сите имаат ПП апарати, во 60 летните тераси се во ред, пишана е 21 казна бидејќи воопшто не ја отпочнале постапката за обновување на дозволата и остатокот се во постапка за добивање на согласност во Град Скопје. Овде морам да кажам дека со новиот Закон за локална самоуправа треба да се прекине со тоа двојство. Значи на територија на општина Карпош ако издаваме одобренија за градби, треба да издаваме и одобренија за овие тераси. Зашто ни се летни тераси? Ни се случува двојство. Често пати граѓаните не се согласуваат со дадената дозвола за тоа место, а тоа често пати се прави и без консултација со локалната самоуправа. Морам да кажам дека два ноќни клубови не соработуваат со инспекторите. Тоа се клубовите Пјур и Мош. Не соработуваат. Дури за едниот клуб, колегата има поведено постапка како дивоградба пред неколку месеци и кога го посетил сопственикот го прашал зошто доаѓа? Вика, затоа што законот така бара… Тој му одговорил дека и тој бил закон! Јас одговорно тврдам дека овие сопственици на ноќни клубови се сива еминенција во средините каде што живеат и си дозволуваат малку повеќе од тоа што треба. Значи и покрај тоа што одбиваат соработка, ние ќе ја тераме постапката до крај и како што бара законот односно отстранување на нивните објекти“, нагласи градоначалникот Јакимовски.

Македонија

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред 

Објавено пред

После, за нас, неразумниот и неодговорен ‘платен распуст’ на пратениците, на седницата закажана за утре (вторник) ќе се најдат два предлог-закони поднесени од пратеничката група на Левица:

dobivaj vesti na viber

„Задолжителна исплата на платата до 5-ти наместо до 15-ти во месецот, затоа што работникот не смее да биде оставен во неизвесност, присилен да зема брзи кредити, да влегува во дозволени минуси или да се изложува на позајмици со високи камати додека чека половина месец за парите што чесно ги заработил;

Зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, со цел подобрување на социјалната и економската заштита на мајките и семејствата, нивно психофизичко закрепнување и развој, како и градење на здрава врска без страв од финансиска несигурност. Секое дете заслужува стабилен почеток во животот, а секоја мајка право на достоинствено мајчинство“, велат од Левица.

Како што велат од партијата, овие предлог-закони се само поднесени од пратеничката група на Левица, а се произлезени директно од потребите на народот. Дополнително, овие законски решенија не претставуваат светски феномен, туку се компаративно познати и пожелни во други европски земји.

„Оттука, доколку продолжи партиската суета на владејачкото мнозинство составено од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ, и овие предлози не бидат изгласани – тоа ќе биде удар врз оние коишто им го дале мандатот, народот, а не врз Левица. Досега мнозинството предводено од ДПМНЕ не гласаше за ниту еден предлог на Левица, тие без дебата и разумни контра-аргументи ги одбиваа сите предлози. Пратениците ги потсетуваме дека предлозите се во интерес на граѓаните, а не на политичките партии. Одбивањето на вакви законски решенија, само затоа што доаѓаат од Левица, не е политика – тоа е непочитување на работниците и семејствата пред кои секој пратеник одговара“, завршуваат од Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Објавено пред

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше кон Охрид, на пошумениот рид Горица забележа уште едно градилиште. Се работи за изградба на уште еден хотел во област која порано беше пошумена, но во која прогресивно се градеа туристички капацитети. Центарот за светско наследство не беше известен за изградбата на овој нов комплекс пред да се донесе одлука за негова изградба, како што налага став 172 од Оперативните насоки.” Експертите констатираат дека по усвојувањето на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, градежните активности во Охрид продолжуваат уште поенергично, дури и во области каде што урбанизацијата не смееше да продолжи, како на пример на ридот Горица.

dobivaj vesti na viber

Мисијата побарала информации и постоечката проектна документација, вклучително и извршената проценка на влијанието, да бидат доставени до Центарот за светско наследство со цел да бидат анализирани од страна на советодавните тела.

Во април 2024 во извештајот до Центарот за светско наследство и советодавните тела, Охрид ЅОЅ достави подетални информации за хотелскиот комплекс.

По РММ, во јули 2024 следеше годишната седница на Комитетот за светско наследство од што произлезе Одлуката 46 COM 7B.44. Оние седнатите во државните и општински столчиња не ги информираа граѓаните дека во точка 10 Комитетот „ја повикува државата членка Македонија да ја запре изградбата во близина на Студенчишко Блато, комплексот Горица Север и Горица 3 сè додека не се направи стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и оцена на влијанието врз наследството за секој од проектите.” Не го информираа ни УНЕСКО кога во Извештајот за напредокот (условно кажано) од 31.1 2025 година не напишаа НИТУ ЕДЕН ЗБОР за било какво постапување во однос на Горица.

Или во превод: Државата постапува спротивно на преземената и законски обврзувачка Конвенција на светското наследство. Но, што е законот за шака моќници?!

Така, ароганцијата на задолжените во владата на оваа „на ти го – дај ми го” држава си го допуштила комодитетот да покажат среден прст на Центарот за светско наследство, експертските тела на ИУЦН и ИКОМОС и Комитетот за светско наследство. Бидејќи во оваа небиднина, поважно е да се наполни својот и џебот на Мијалков, Илоски, Усеини… (дополнете согласно наоѓање), одошто да се зачува 1,5 милиони години старо езеро.

А вие, продолжете мирно да молчите“, велат од Охрид ЅОЅ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно со повремен дожд, попладне нестабилно

Објавено пред

На терторијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).

dobivaj vesti na viber

Утринските температури се движат меѓу 2 и 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со највисока температура до 15 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост....

Македонија33 минути

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше...

Свет55 минути

Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските...

Свет1 час

Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе. Спасувачките тимови се обидуваат...

Македонија19 часа

Христијан Стојанов е уште едно младо момче што влезе во „Пулс“ за да спасува луѓе: „Обезбедувањето ни помогна многу“

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот...

Македонија19 часа

Подобрена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат во Солун, од интензивна нега преместени се на пластика

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16...

Македонија20 часа

Oсмани и Адеми во посета на семејството на Бектеши за Бајрам: „Неправедно е обвинет, ја имате нашата поддршка“

Поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот...

Македонија21 час

„Не пројдоа ни 40 дена од трагедијата“ – Мицкоски смета дека е рано да се размислува за градоначалник на Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека...

Македонија22 часа

Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар...

Македонија1 ден

Прво сведоштво на Костадинов за пожарот: Се измокрив со црево и влегов низ прозорецот кај билетите, ги вадевме луѓето еден по еден

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот...

Македонија1 ден

Попладнево пороен дожд, грмежи и ветер, најавија метеоролозите

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава...

Топ2 дена

Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале. Случајот во...

Спорт2 дена

(Видео) Кочани, Кочани… емоции на првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“. Мечот се одигра помеѓу тимот на...

Македонија2 дена

Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот, информира Таравари

Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во...

Македонија2 дена

(Видео) Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред...

Македонија2 дена

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива...

Култура2 дена

Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за музичарот Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби...

Македонија2 дена

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на...

Свет2 дена

Зеленски: Американците целосно го сменија договорот, чекаме правна анализа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина нема да прифати никаков договор за минералните суровини што ќе ја загрози нејзината...