Македонија
(Видео) СДСМ бара одговорност од Тошковски поради Кочани

Тешката трагедија во Кочани што ја потресе целата држава и во кој трагично го загубија животот 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени – ѓи разоткри пропустите во институциите но и колапсот на безбедносниот систем. Затоа е потребна одговорност особено во врвот на МВР и БЈБ. Ова го истакна Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Нешто не е во ред со безбедноста во државата, а за тоа се молчи. Мора да има одговорност согласно законите, но и морална одговорност. После катастрофалната трагедија во Кочани, продолжија серија на безбедносни инциденти. И тоа : пукања со огнено оружје, убиства, сообраќајќи, прегазени луѓе на улиците, се нашето секојдневие. Пред само неколку дена вработена во прилепскиот Центар за социјални работи беше ранета откако во неа беше пукано со огнено оружје.Исто така се пукаше и во с.Моране, каде што беше повредено едно лице. Дополнително, над 20 сообраќајќи со повредени и прегазени се случија по улиците на нашите градoви. Во Скопје, беа прегазени жена и дете“, рече Илиевски.
Додаде дека сообраќајни несреќи со повредени имаше и во Битола, каде исто така беше прегазена жена, а во Кавадарци беа повредени 4 лица, но и во Штип, Тетово, Гостивар, Македонска Каменица, Скопје.
„СДСМ бара: оставки и одговорност од раководството на МВР на чело во Панче Тошковски“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари плата, синдикалците на батерии се прочитани

Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари плати? – Синдикалците на батерии се прочитани, истакнува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што додава, според информациите, кои до нив ги доставиле свиркачи од ССМ, на кои, како што вели, им е преку глава од злоупотребите на Трендафилов и Пешевски, овие двајца дебело профитираат.
„Имено, според информациите кои ги добивме, платата на Пешевски, кој деновиве глуми загрижен синдикалец е 3 пати поголема од минималната. Додека ги лаже работниците со минималец, Иван Пешевски, за 4 месеци заработува што тие за цела година. Но тука не застанува лицемерието на Иван Пешевски, тој во 2024 и првите два месеци од 2025 година остварил и приходи по други основи со договори на дело и заедно со плата инкасирал 1.3 милиони денари.
Преведено во минимални плати, Иване Пешевски кој ги лаже работниците за минималец лани земал пари колку еден работник од неговиот синдикат не може нити за 4 години“, подвлекува Манасиевски.
Оценува дека се демаскирани синдикалците на батерии Слободан Трендафилов и Иван Пешевски.
Нивните игри, според Манасиевски, се прочитани и никој не им верува.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени постигнувања во разни области

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во Аеродром.
Признанијата се доделуваат како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во државата и во светот, а тие можат да се доделат и постхумно на истакнати аеродромци.
Рокот за пријавување трае заклучно со 7 април 2025 година (понеделник).
Кандидатите можат да се пријават лично, како и да бидат предложени од правни и физички лица.
Македонија
До петок пороен дожд и грмежи, од недела заладување

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, информира УХМР.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, повремено во делови од котлината пообилен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР најавуваат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и в четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање.