Контакт

Македонија

(Видео) СДСМ: ДПМНЕ бега од седница на Анкетната комисија за Онкологија

Објавено пред

„ДПМНЕ цел ден бега од седница на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија. Бегаат затоа што се обидоа да ги излажат граѓаните злоупотребувајќи ја комисијата и затоа што се фатени како ги лажат граѓаните“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Денеска се случи преседан, заклучоците напишани од Белата Палата, Рашела Мизрахи ги прочита без усогласување, без гласање, без разгледување и даде пауза, со што директно ја залоупотреби својата функција како претседавач на комисијата.

Целта на ДПМНЕ не е вистината, не е истрагата, не се пациентите на Онкологија.

Јавноста е сведок за една класична политичка злоупотреба од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи.

Затоа Мизрахи бега, затоа сите членови на комисијата од ДПМНЕ денеска бегаат од седница.

Заради ваквите злоупотреби Мизрахи треба да си даде оставка“, соопшти СДСМ.

Македонија

Chymoral S на „Галеника“ – новиот домашен сојузник за општо здравје

Објавено пред

Препознатлива, а сепак нова и помоќна комбинација од три ензими, подготви фармацевтската компанија „Галеника“ во новиот Chymoral S. Состојките во препаратот се докажани во повеќе намени: воспаление на синусите, ринитис, инфекции за слузницата, горнореспираторни инфекции, артритиси, отоци или хематом по повреда, скршеница или по операција, како и по вадење заби. Производителот „Галеника“ на македонскиот пазар го препознаваме по богатата палета на производи, кои се докажале со повеќедецениска ефикасна примена и задоволни корисници, но и по посветеноста да ја унапреди понудата согласно современите потреби на потрошувачите.

dobivaj vesti na viber

Chymoral S е унапреден наследник на веќе препознатливиот Chymoral кој повеќе од пет децении успешно го издржа тестот на времето како сојузник на домашната аптека со широка примена и ефикасност.

Новиот производ е применлив во повеќе области оториноларингологија, стоматологија, физијатрија, ортопедија и ревматологија како и во општата пракса при различни воспалителни состојби. Ова се должи на единствената комбинација на моќните три протеолитички ензими: трипсин, хемотрипсин и серапептаза, кои имаат клучна улога во повеќе процеси во телото – разградувањето на протеините, олеснување на поправката на ткивото и намалување на воспаленијата.

Трите ензими во Chymoral®S имаат научно докажано дејство за подобрување нарушен проток на крв и лимфни течности, и како ефективен третман при отоци и крвни подливи и други отоци на мускулите, дава забележителни резултати и при отоци околу устата, вилицата или јазикот, при заздравување на скршеници или постоперативни терапии, третирање артритис, како и во случај на горнореспираторни инфекции, ринити и синуситиси.

Широкиот спектар на употреба се должи на антиинфламаторно, антиоксидативно, антиинфективно и муколитичко дејство „Chymoral S“, што го прави и исклучително важен при третман на инфекции на респираторен систем, воспалителни процеси на дишни патишта, густ бронхијален секрет, отежнато искашлување.

Комбинацијата од трите ензими во Chymoral S овозможува брзо дејство и го намалува времетраењето на лекувањето. Односно, во случај на лечење на воспалителен процес, најдобри и најбрзи резултати се постигнуваат со комбиниран терапевтски третман со лекови за лечење на воспалението, кортикостероиди и протеолитички ензими, со што се овозможува синергистичко дејство. Впрочем ензимите трипсин и хемотрипсин ефикасно го намалуваат воспалението и го забрзуваат просецот на заздравување на ткивото кај пациенти после хируршки интервенции, други повреди или изгореници. Ензимите помагаат да се намалат и болките. Третиот ензим, серапептазата го дополнува дејството на трипсин и химотрипсин со своите антиинфламаторни карактеристики.

„Chymoral S“ директно ги намалува отокот и густината на секретот при горнореспираторни заболувања. Односно, значително ги олеснува симптомите и справувањето со самата настинка или инфекција и го олеснува искашлувањето. Со тоа значително го намалува времетраењето

на болеста. Производот се комбинира со антибиотска терапија и ја подобрува пенетрацијата на антибиотикот до заболеното или воспалено ткиво.

Како додаток во исхраната, „Chymoral S“ не се издава на рецепт и достапен е во аптеките, каде совет за користење може да побарате од фармацевтот или да се посоветувате со матичниот доктор. Таблетката се пие исклучиво на празен желудник, 1 час пред оброк и не е наменет за деца помлади од 12 години.

Овој препарат е само уште една нишка во посветеноста на Галеника кон корисникот и здравјето.

Трајниот врвен квалитет на фармацевтските производи, надополнет со иновативни технологии се потврдува како сигурна и цврста основа за меѓународниот раст на Галеника како фармацевтски лидер во регионот и на европските пазари. Компанијата речиси осум децении е присутна на нашиот пазар и ужива оправдана доверба кај повеќе генерации корисници. Насочена да одговори на современите потреби на пазарот и потребите на пациентите и потрошувачите, компанијата инвестира во збогатување на производното портфолио со производи и од новата генерација лекови.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

АВМУ: Осуда за изјавата на лидерот на СДСМ

Објавено пред

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски, со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија.

dobivaj vesti na viber

„Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација, треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници“, велат од АВМУ.

Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

Објавено пред

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник Антонијо Милошоски седеа на иста маса, во друштво со М.А. од Грчец фатен со 32 килограми дрога“, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин.

Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога.

Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.

Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“, велат од СДСМ

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија3 часа

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет4 часа

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа5 часа

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет5 часа

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион5 часа

(Видео) Протест во Албанија, фрлени „молотови коктели“ врз зградата на владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа15 часа

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...

Македонија17 часа

ЗНАМ в четврток ќе избере лидер на партијата и кандидат за претседател на Македонија

Партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија на денешната прес конференција го најави првиот Конгрес, што ќе се одржи на 22 февруари...

Македонија17 часа

„Леонид не е на лекување во странство, туку на рехабилитација, затоа се одби барањето“, велат од ФЗО

„Барањето на осигуреното лице Б.И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како...

Топ19 часа

Скопјанка почина на паркинг во Кисела Вода, телото е дадено на обдукција

Вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачје на Кисела Вода во Скопје починала...

Македонија21 час

(Видео) Поради ставот „да прооди, да прозборува, па ќе го вакцинираме“, ни се заканува и епидемија на морбили

Лекарите се едногласни во ставот дека одлагањето на вакцините е причина за сегашната епидемија на голема кашлица и предупредуваат дека...

Економија21 час

На четиричлено семејство му се потребни приближно 1.000 евра за да го преживее февруари

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат...

Македонија22 часа

Бојмацалиев: Стигнати се 20.000 обрасци за пасошите, до крајот на месецот се очекува поголема пратка

Во Министерството за внатрешни работи стигнати се 20.000 обрасци, а до крајот на месецот се очекува да стигне дополнителна поголема...

Македонија24 часа

Ахмети нема да прифати да биде претседател на држава, не му е приоритет да се натпреварува за било која функција, вели Џафери

Ахмети има мисија а не е претендент за функција, истакна техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање за можноста,...

Македонија1 ден

Убиен млад Македонец во Германија: го претепале до смрт со пивско шише

32-годишен маж од Македонија е убиен во германскиот град Есен, а како што пренесуваат локалните медиуми, младиот Македонец бил претепан...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби подарок автомобил од Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби подарок автомобил од рускиот претседател Владимир Путин „за лична употреба“, објавија државните медиуми, што претставува...

Македонија1 ден

Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма „Марковски“, ЈО веднаш да отвори истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„46 милиони евра одат во џебот на фирмата ‘Марковски’ за ископ на јаглен во РЕК ‘Битола’, која важи за блиска...

Свет1 ден

Зона на смртта на југот од Појасот Газа: СЗО објави видео по влегувањето во болницата во која изврши рација израелската армија

Светската здравствена организација (СЗО) објави снимка од болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во...

Македонија1 ден

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

„Повеќегодишните апели на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) за потребата од сеопфатна јавна дебата во Македонија за законот што ги...

Македонија1 ден

СДСМ: Тепање полицајци и попречување акција против дрога, МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски?

Од СДСМ велат МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога. „Јавноста чека одговори...