Македонија
(Видео) СДСМ: Мицкоски да не се плаши, на пописот не се гласа

Мицкоски да не се плаши, на пописот не се гласа. Тоа не се избори и таму нема победници и губитници, порача денеска Стефан Васев од СДСМ.
„Денеска од овде, од пред белиот дворец, симболот на криминалот на режимот, на уплашениот Христијан Мицкоски сакаме да му порачаме: По шест изборни порази можеме да разбереме дека Мицкоски има страв од граѓаните, но не треба да се плаши, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција. Доста се неразумни блокади, кочења, полиризација. Успешниот попис Мицкоски може да го смета за уште еден негов пораз, но пописот не се избори таму нема губитници и победници“, рече Васев.
Како што додаде, со успешен попис добиваат граѓаните и државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Иницијатива за конгрес: Мицкоски лажеше дека има мнозинство, партијата доби ладен туш

Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да си замине од функцијата што ја извршува пред да направи дополнителна штета. Ова го порача Иницијативата за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера во Собранието беше изгласана доверба на Владата.
„Вчера секој искрен и чесен член на ВМРО-ДПМНЕ очекуваше триумф. Му веруваше на сеуште актуелниот претседател Мицкоски и очекуваше новото парламентарно мнозинство, кое што тој велеше дека го има, да му изгласа недоверба на Зоран Заев. Наместо прослава. Партиските членови добија ладен туш. СДСМ покажа дека нивното мнозинство е непроменето, а во политичките кулоари кружат информации дека власта обезбедила и дополнителна поддршка од пратеници од опозицијата кои не гласале, бидејќи немало потреба.
Партијата вчера беше посрамена“, велат од Иницијативата за Конрес.
Оттука се децидни дека Мицкоски свесно ширел еуфорија дека успеал да обезбеди мнозинство, иако знаел дека тоа не е вистина.
Македонија
Мнозинството е стабилно, велат од СДСМ по гласањето на доверба на Владата

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка, велат утрово од СДСМ, откако вчера 62 пратеници гласаа за доверба на Владата.
„Мицкоски реди порази, се распаднаа лагите, мнозинството е стабилно, се ниша само ВМРО-ДПМНЕ. По деблакот што му се случи со правдата, нов дебакл на Христијан Мицкоски за само една недела. Како меур од сапуница испукаа лагите на Христијан лузер Мицкоски, се покажа, нестабилно е само неговото ВМРО-ДПМНЕ. Два дебалка со две јасни пораки пораки за Мицкоски: кој брани криминал ќе биде казнет од правдата, кој лаже народ, ќе биде казнет од граѓаните“, наведе СДСМ.
Во салата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски претходно кажа дека Заев сам предложил да се гласа да доверба на Владата, за тоа да биде без дискусија на пратениците.
Македонија
За 56 проценти зголемен бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

Вчерашните 807 новозаразени и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје кој покажува зголемување на новозабоените за 56 отсто во однос на претходната недела, укажуваат на нов бран коронавирус во земјава.
Бројката на новозаболени од крајот на јануари и во текот на февруари беше под 500 дневно, се до минатата среда кога скокна на 716, во саботата на 720, а вчера на 726 нови случаи. Процентот на позитивни лица од вкупниот број тестирани повторно се искачи над 20 отсто.
„Трет бран веќе постои, не очекувам да биде посилен од вториот“, вели микробиологот и професор на Медицинскиот факултет, Никола Пановски за „Макфакс“. Тој постојано предупредува дека треба да се зајакнат мерките, но овој пат вели дека нема да укаже на зајакнување.
„Мерките кои ги препорачував не се прифатија пред вториот бран, нема да се прифатат ни сега, па не ги препорачувам“, вели микробиологот Пановски.
Микробиологот има совети за тоа што можат граѓаните сами да направат, за да се заштитат од коронавирусот, а предлага лицата кои се тестираат за Ковид – 19 да бараат брис да им биде земен на отворено оти просториите за тестирање смета дека се гнезда за ширење на вирусот.
„Во затворен простор да не се користатат платнени маски, марами и други импровизации, само Н95 или хируршки. Да се возат автобуси и автомобили со отворени прозорци, да се проветруваат канцелариите, да се прави провев колку што може повеќе. Сите активности да се изведуваат на отворен простор. Брисеви за ПЦР да се земаат на отворено, како што е во ’Жан Митрев’ и ’Аџибадем’, инаку тие се гнезда за ширење на вирусот, заразените влегуваат во затворен мал простор, ја вадат маската, а потоа влегува друг итн. Во лифт, во тоалет на работа, задолжително да се носат маски и особено во тоалети во ресторани да се носи маска“, советува микробиологот Пановски.
На трет бран коронавирус на крајот на ноември предупреди Дејвид Набаро, специјален претставник за Ковид – 19 на Светската здравствена организација. Тој рече дека реакцијата на Европа за заштита од коронавирусот не била доволна.
„Имаше неуспех да се изгради потребната инфраструктура во летните месеци откако првиот бран беше ставен под контрола. И сега има втор бран. Ако не се изгради потребната инфраструктура сега, на почетокот на следната година ќе има и трет бран“, предупреди Набаро.
Според него, само неколкумина носители на политички одлуки разбираат дека вирусот се шири експоненцијално и оти бројките можат да се зголемат осум пати во една недела, 40 пати во две недели, 300 пати во три недели и 1000 пати во четири недели.
Можно е заострување на мерките
Од Министерството за здравство немаат објаснување на што се должи последното зголемување на бројките и покрај тоа што кога беше регистриран британскиот сој на коронавирусот во земјава, не беше исклучена можноста бројките и на новозаболени и на починати да скокнат.
Зголемените бројки, засега, не повлекоа зајакнување на мерките за заштита од Ковид – 19. Нова мерка од денес има само за лицата кои доаѓаат во земјава од африканските земји.
„Комисијата за заразни болести донесе одлука во која ќе се предложи задолжителен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. Во моментов мерките кои се на сила даваат резултат. Во зависност од епидемиолошката состојба и врз основа на проценка од страна на стручните лица, можно е и понатамошно заострување на мерките со цел заштита од ширење на вирусот во државата“, велат од Министерството за здравство.
Домашниот карантин за лица кои доаѓаат од африканските земји е предложен откако брачен пар се врати од патување во Занзибар и двајцата со симптоми на Ковид-19.
Од Министерството известија дека во земјава се уште не е откриен јужноафриканскиот сој на вирусот, а попладнево известија дека во МАНУ, по анализа на брисевите на двајцата пациенти вратени од Занзибар, утврдиле дека тие се заразиле со британскиот сој на вирусот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер