Контакт

Македонија

(Видео) „Во СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат“, вели Манасиевски

Објавено пред

„СДС се очајни, немаат кандидат за Град Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат. Во СДС владее вистинска паника затоа што немаат кандидат за градоначалник на градот Скопје, а немаат затоа што кој и да биде ќе изгуби уште во првиот круг“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во СДС знаат дека поразот во октомври ќе им биде најголем досега, и ќе имаат најмалку освоени гласови во Скопје во историјата.

Сите анкети кои ги имаат и тие самите укажуваат на пораз за СДС во однос 5:1.

СДС и Венко Филипче ги очекува огромен дебакал. И тие немаат како да избегаат од тоа.

Скопје го знае СДС по неработа, мрзеливост и криминал. Со СДС градот стагнира, и затоа е толку очајно мал рејтингот на СДС во Скопје, а исто толку е очаен и рејтингот на било кој нивен кандидат за градоначалник.

Битката и маката на Венко Филипче е кого ќе успее да убеди да биде носител на поразот“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

(Видео) Петрушевски: Негласањето на СДС за интерпелација на Коцевски, дава одговор на прашањето зошто никој од СДС не е во затвор

Објавено пред

Од

Од вчерашното гласање на СДС во Собранието, каде не ја поддржаа интерпелацијата за главниот обвинител Љупчо Коцевски, се е јасно. СДС го штити Коцевски, а Коцевски за возврат го штити СДС и нивните кадри потонати до гуша во криминал за да не одговараат, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според него, негласањето на СДС за интерпелација на главниот обвинител Љупчо Коцевски е одговор на прашањето, зошто никој од СДС не е во затвор, а има низа постапки.

„Сега е јасно и кој ја мати водата за Кочани. Истите тие кои претпладне правеа пресови за Кочани, сега сметаат дека Коцевски добро ја работел работата. Очигледно е кој свири, а кој игра во обвинителството. СДС силно удира на тапани, а Коцевски игра како ќе му кажат. Заради овој однос на СДС и начинот на кој ја киднапирале цела судска власт довербата во правосудството е помало од 2%. СДС гледа на нивниот обвинител Љупчо Коцевски како на последно упориште. Во тоа им се приклучува и ДУИ, кои заедно со Коцевски бараат спас за криминалот на Филипче, Заев и Али. Тоа е всушност и пораката од СДС до Коцевски, или е со штитот или на него, кој во периодот кој доаѓа ќе треба да извршува се повеќе насоки“, рече Петрушевски.

Тој го повика Коцевски да покаже, како што вели, грам доблест и да не чека ниту час, туку веднаш да ја прими пораката на Собранието, и волјата на народот преку гласањето во Собранието и да си поднесе оставка.

„Секое понатамошно седење на функцијата спонзорирано од СДС и ДУИ ќе му го руши и онака слабиот углед и целосно ќе го стави во функција на измеќар и метлар на мафијата“, рече Петрушевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времен режим на сообраќај кај Градска болница поради снимање на филмот „Збогум Копакабано“

Објавено пред

Од

Времен режим на сообраќајот ќе биде воведен утре, 31 јули, кај Градска болница поради снимање на филмот „Збогум Копакабано“ на режисерот Милчо Манчевски.

dobivaj vesti na viber

„За потребите на снимањето на филмот „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, во продукција на „Банана филм“ и во соработка со МВР и ЈП Улици и патишта, известуваме за времен режим на сообраќајот на булевар 11 Октомври во Скопје, поточно од раскрсницата кај Црвен Крст до раскрсницата кај Градска болница“, велат од ПР тимот.

Времениот режим е предвиден за ден 31.07.2025 (четврток) во времетраење од 22 часот до 4 часот во раните утрински часови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Објавено пред

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Водоводните претпријатија се согласни на оваа измена и заедно со Регулаторната комисија подготвуваат измена на законските решенија.

dobivaj vesti na viber

„Сега има еден посложен процес за определување на цените на водните услуги. РКЕ носи една одлука со која се определува минимална и максимална цена за секоја соодветна услуга која што ја даваат водоводните претпријатија и понатака врз основа на нашата одлука Управниот одбор на претпријатието во рамките на овој опсег од минимум и максимум носи одлука за цена која што потоа се доставува на одобрување во советот на соодветната општина. Очигледно е дека тоа е еден посложен процес бидејќи има политички влијанија и не секогаш се носат одлуки кои се во интерес на водоводните претпријатија,  но и во интерес на потрошувачите. Ние во изминатиот период во соработка со водовоните претпријатија во државата кои што имаат свое здружение, ‘АДКОМ’ се усогласивме и работиме на доставување на заеднички предлог – измени и дополнувања на најверојатно два закона со кои што ќе се овозможи РКЕ да ја определува крајната цена за секоја водна услуга“, рече претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

РКЕ ќе ја носи одлуката за крајната цена на водата на ист начин како што тоа го прави за струјата, за парното и за природниот гас. Со планираните измени, одлуката на за цената на водата од РКЕ ќе биде задолжителна за комуналните претпријатија.

Бислимоски очекува со измените претпријатијата да ги намалат трошоците, а да ги зголемат инвестициите во мрежата кои пак ќе придонесат за намалување на загубите на вода.

„Имајќи предвид дека сите наши методологии се поттикнувачки и даваат сигнал до претпријатијата, без разлика од која дејност се, да ги намалуваат своите трошоци, веруваме дека ќе обезбедиме повеќе инвестиции во водоводната инфраструктура во државата. Сега имаме една исклучително лоша ситуација во државата. На државно ниво загубите на вода ни се 64%. Веруваме дека со овој нов концепт  ќе се придонесе за инвестиции во оваа инфраструктура која е стара 50, 60 , некаде и 70 години. Со тоа ќе се овозможи намалување на загубите кои ги има на вода, но исто така ќе се намали и процентот на ненаплатена вода. На тој начин, а тоа е во интерес и на потрошувачите, ќе имаат стабилно и сигурно снабдување со вода, но заради намалување на загубите, тоа нема да има драстично односно нема да има никакви сериозни зголемувања на цените за водните услуги бидејќи ќе се зголеми процентот на неоприходувана вода, тоа е нешто што досега го немаат како приход овие претпријатија и ќе се намалат загубите на вода. Значи трошокот за загуби ако се намали тоа значи дека тие пари може да се користат понатака за нови инвестиции без да има никакви сериозни промени на цените за водните услуги“, рече Бислимоски.

Во Скопје, изминативе години загубите на вода достигнаа и 40 отсто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија38 минути

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет2 часа

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија2 часа

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ3 часа

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет4 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет5 часа

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет6 часа

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија16 часа

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија16 часа

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет19 часа

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија21 час

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија22 часа

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија1 ден

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија1 ден

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија1 ден

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија1 ден

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...