Македонија
(Видео) СДСM останаа последното упориште на Артан Груби, вели Петрушевски
Само СДСМ не се отргна од Груби и еден месец молчи за него, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Како што рече, Груби направил милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив, а во таква ситуација Социјалдемократскиоит сојуз не може да каже дека не знаеле што прави Артан Груби.
„Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите. СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ. Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше“, додаде Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нови 15 милијарди денари за проекти во општините, забрана за нелегалните игри на среќа и реформи во јавната администрација
Премиерот најави нови 15 милијарди денари за проекти во општините, а со закон ќе се забранат нелегалните игри на среќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, сублимирајќи ги најавите на премиерот и претседател на владејачката партија, Христијан Мицкоски.
„Општините ќе може да аплицираат за средства за капитални проекти од следната недела. Јавната администрација ќе се реформира во светло на ЕУ интеграцијата.Македонија се трансформира!“, се додава во партиското соопштение.
Македонија
Муртезани на средба со Мати Масикас „Продлабочена соработка со ЕУ во процесот на интеграција“
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS).
На средбата беше истакната важноста на стратешките односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, како и континуираната поддршка на ЕУ за реформскиот процес и интеграцијата на земјата. Двете страни разговараа за актуелните предизвици во регионот и пошироко, зајакнувањето на институционалната соработка и спроведувањето на европската агенда.
Министерот Муртезани ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон реформите и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека земјата останува конструктивен партнер во процесот на пристапување. Извршниот директор Масикас ја потврди поддршката на EEAS за Северна Македонија и ја нагласи важноста на продлабочената соработка во клучните области поврзани со европската интеграција.
Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 153-годишнината од неговото раѓање.
Во рамките на државниот настан свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и делегација на Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, претставници на политички партии и граѓански здруженија и претставници на дипломатскиот кор.
По повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев панихида служеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан.