Македонија
(Видео) „Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем“, вели Цветаноски

„Здравството е во тотален хаос, ништо не функционира, нема лекови, нема соодветни услуги, не работат важни центри. Со последната скандалозна одлука на министерот Таравари и ДПМНЕ загрозен е животот на најкритичните пациенти. Таравари наредил да не се праќаат пациенти на КАРИЛ (Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување) поради реновирање на болницата“, вели Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на СДСМ.
„Пациентите на кои им е неопходна интензивна нега и најсовремени апарати, на кои животот им зависи од третманот што можат само на КАРИЛ да го обезбедат се оставени сами и без алтернатива.
Оваа скандалозна одлука предизвикува сериозна загриженост, во болниците не постојат одделенија за интензивна нега, ниту доволно ресурси за да се третираат животозагрозувачки пациенти.
А нема ниту најава за алтернатива ниту пак кога ќе се заврши оваа нивна голгота.
Зошто власта не обезбедила соодветни алтернативи за овие пацинти? Зошто не се направил план каде ќе бидат згрижени со соодветен третман?
Министере Таравари хипократовата заклетва не е само теорија, водите сектор од кој зависат животи, а не бизнис интереси.
Цената на вашата неспособост ја плаќаат граѓаните. Недозволиво и да си поигрувате со животи.
За осум месеци го распаднавте здравството. Нема клиника на која нема проблем, нема пациент а кој не е соочен со недостиг на соодтветна терапија или здравстена услуга.
Најтешките онколошки пациенти беа оставени без потребната терапија, цел месец, не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер, деца умираат на Клиниката за детски болести.
На здравствениот систем му се случува хуманитарна катастрофа и тоа е последица на целосната неспособност на ДПМНЕ и Таравари да управуваат со секторот здравство.
Мора да има одговорност за ваквиот напад над здравјето и животите на луѓето. Животот на пациентите, посебно на оние во критична состојба, не смее да биде на коцка заради неспособноста и непромислените одлуки на власта“, изјави Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе дува и засилен северен ветер.
Минималните утрински температури се движат од 8 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат од 26 до 33 степени Целзиусови. Метеоролозите најавуваат стабилни услови во текот на целиот ден.
Во Скопје, времето исто така ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во одредени делови од котлината и повремено засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 14 до 31 степен.
„Очекуваме стабилно време и во следните денови, со претежно сончеви периоди и температури кои ќе останат високи за овој период од годината“, велат од УХМР.
Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет.
1. Македонски Брод – Жарко Ристески.
2. Могила – Драганчо Саботковски
3. Пробиштип – Тони Тоневски
4.Богданци – Марјан Пеев
5. Демир Капија – Наталија Димитриева
6. Росоман – Ѓорги Крстевски
7. Новаци – Стевче Стевановски
8. Дебарца – Златко Силјановски
Пратеникот Антонијо Милошоски по состанокот изјави дека овие 8 кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности кои што својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини. Ним ќе им биде препорачано во следниот период, да си отворат што поголема комуникација со локалните граѓани во општините за да може да поработат директно на терен за составување на програмата која што е потребна за локални избори.
Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца.
„Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните“, рече Милошоски.
За оние кои што се актуелни градоначалници, партијата смета дека дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба.
Македонија
СДСМ: Јавното обвинителство се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери

Според СДСМ, со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш потврдило дека постои сериозен обид да се минимизира и релативизира одговорноста на носителите на актуелни функции и институции поврзани со трагедијата во Кочани.
Од опозициската партија велат дека наместо да се лоцира институционалната одговорност и да се повикаат на одговорност директорите на Државниот пазарен инспекторат, УЈП и други релевантни органи кои имаа обврска да постапуваат, фокусот се префрла на индивидуални случаи и на маргинални групи, избегнувајќи ја суштината – зошто и како фирма увезувала и со месеци продавала опасна пиротехника без дозвола, и кој тоа го дозволил.
Дополнително, како што се додава, наместо да се отворат посебни истраги за секој аспект од случајот – за незаконскиот увоз, за институционалниот надзор, за реакцијата на полицијата и за конкретните пропусти на диското, Обвинителството сѐ спакува во еден предмет, со што ризикува да се развлекува постапката со години, па дури и децении. Со ваков пристап, правдата станува недостижна – а тоа е неприфатливо.
„Сериозно прашање е и одлуката приведените полицајци и полициски функционери, кои биле одговорни кобната вечер, да се пуштат на слобода со мерки за претпазливост. Особено загрижува фактот дека двајца од нив биле пресретнати на пат кон граница со Бугарија, што отвора сомнеж за можно бегство и криење на вината.
СДСМ уште еднаш потенцира – без целосна и непристрасна истрага, без одговорност за институциите и носителите на функции кои затаиле, нема да има вистинска правда за жртвите и нивните семејства.
Граѓаните гледаат. И со право очекуваат правда“, се додава во партиското соопштение.