Македонија
(Видео) Со филм за Македонци кои бараат жени во Русија, Владиката Петар ја започна програмата на телевизијата
Телевизијата „Вистел“ на Владиката Петар односно Петар Каревски, почна да зрачи во етерот. Една од првите содржини пуштени на програмата утринава е филм со Македонеци кои отишле во Русија да бараат жени. Во еден дел од филмот се појавува и самиот Владика Петар, во сцена од црква. На одјавната шпица од филмот во делот на соработници стои Преспанско-пелагониската епархија, додека во делот на „посебна благодарност“ е пишано: „до неговото Високопреосвештенство митрополит Австралиски и Новозеладски г. Петар“.
„Ќе идеме до Рио Де Жаинеро, таму било уште поинтересно. И последни ни е Албанија, нема кај да бегаме, таму ни е сигурна работата. Мислам по 500 евра и со здравје да си го носиме“, вели маж од Македонија во фулмот, емитуван на „Вистел“.
„Ако не ќе најдеме од Македонија“, вели еден од протагонистите во филмот, а друг враќа: „Јас дојдов тука во Русија да најдам девојка, не од Македонија“, реплицира другиот, па заедно ја пеат „Македонско девојче“.
Откако имале средба, мажите си раскажуваат за средбите со девојките кои ги имале.
„И овие што беа не беа лоши. Јас им кажав сакам да створам фамилија. Пак има надеж“, вели возрасен маж.
Се појавува и Владиката Петар, на сцена снимена во црква.
„Секогаш треба да се бара духовната криза. Се тежнее кон една глобализација која го притиска целиот свет, имаме масовна миграција село-град. Проблемот е во битолскиот крај, одамна. Големата миграција од земјата кон дијаспората – односно печалбарството. Тоа допридонесе да дојде до ова до кое дое. Нашиот македонскиот народ може да го спаси исклучиво жената“, рече Владиката Петар во филмот.
Потоа сцените се од Македонија. Мажи си го раскажуваат животот.
„Не ми се свиѓаат Македонките. На некој начин не се ни домаќинки, воопшто не ми се свиѓаат за живот со нив“, раскажа маж кој себеси се претстави како лик кој живеел во Англија па се вратил во Македонија.
„Мајка ми и татко ми се доста стари, потребна ми е жена со која ќе можам понатаму во животот да не бидам сам, да бидам среќен, да имам со кого да споделувам и тешки и радосни моменти. Ако е среќата да се најде жена што ќе ме поштува и јас ќе ја поштувам и да имаме среќен живот“, вели друг протагонист.
Во филмот зборуваат и жените од Русија. Раскажуваат како на работа, шефицата им кажала дека ќе дојдат бизнисмени од Македонија и дека ќе прават средби. Според одјавната шпица, филмот е поддржан од Филмски фонд на Македонија.
На телевизијата се емитува и музика, програма за тоа што значи терминот туризам, црковна програма.
Телевизијата „Вистел“ е сопственост на фирмата „Преобразба ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е Петар Каревски односно Владиката Петар. Начинот на нејзино финансирање засега е тајна. Ќе емитува целодневна програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар
Во 19.35 часот сообраќајот на патниот правец Р1305 Битола – Демир Хисар е нормализиран, извести АМСМ.
Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, беше во прекин сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци.
Македонија
Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар
Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Централниот одбор на ЛДП ќе ги разгледува настапот и резултатите на изборите
Либерално-демократската партија извести дека вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор.
„Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година.
Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во наредниот период.
За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана“, соопшти партијата.