Македонија
(Видео) Спасовски: Николов можеше да зема огромни пари во странство, нo реши да направи нешто за Штип

Најважна карактеристка за Сашко Николов е она што избра да го направи во Штип, иако со својата стручност и компетентност може да оди во странство и да зема огромни пари, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, во обраќање по повод локалните избори, кои во Штип ќе се одржат на 13 декември, и кандидатот на партијата на власт.
„Тој избра да биде овде во својот град, да направи нешто добро за државата, тоа е една голема препорака, тоа е патриотизам“, нагласи Спасовски.
Тој истакна дека изборите се прават заради граѓаните, а одговорноста на политичките партии се гледа и тука дали ќе учествуваат или не.
„ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерство, страв и бегство од пораз“, смета потпретседателот на СДСМ.
Спасовски воедно ги повика штипјани на 13 декември да ја земат иднината во свои раце и масовно да излезат на гласање на фер, демократски и безбедни избори, на кои, како што рече, нема здравствен ризик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за собирање на потписи против законот за попис

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе почне процедура за собирање на потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, ако власта, во меѓувреме, не го повлече законот. Од партијата велат дека се подготвуваат документи, кои треба да се поднесат до Министерството за правда за да може да се спроведе таа акција на терен.
Партискиот портпарол, Наум Стоилковски рече дека законот е без методологија и има индиции кои укажуваат дека тој нема да се спроведе како статистичка операција.
Одговарајќи на новинарски прашања, Стоилковски образложи дека акцијата за собирање на пописи би била спроведена преку подрачните единици на Министерството за правда, а луѓето ќе може да се потпишат во подрачните единици низ градовите.
„Бројот на потпишани нема да биде нешто за занемарување од страна на владејачкото мнозинство. И целта е тоа, да се повлече овој закон и да се донесе закон кој што ќе значи општествен консензус за статистичка операција – попис поддржан од сите“, рече Стоилковски.
Прашан што е со електронската иницијатива за потписи, Стоилковски одговори дека тоа е уште еден начин на кревање на свесноста на населението и притоа уште еден начин за притисок врз власта во однос на овој закон кој значи спроведување на политички договор наместо на статистичка операција.
Македонија
(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му била ставена пломба од страна на Државен пазарен инспекторат, а овојпат внатре биле затечени сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина.
Странските државјанки ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка оти биле без регуларен престој во државата и без работна дозвола, информира МВР.
При претресот, извршен со наредба на судија, пронајдени се и одземени поголема количина на парични средства сместени во посебни нумерирани кутии, мобилни телефони и техниката за видео надзор.
Од полицијата информираат дека приведени се сопственикот и сите лица затекнати во објектот.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителскиот објект во Охрид повторно е пломбиран и има забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава и за претходното кривично дело – оштетување и кинење на пломба.
Македонија
Коста Петров го демантира Арсовски: „За видеата не се потрошени ниту денар државни пари“

Директорот на Фондот за иновации, Коста Петров ги отфрла обвинувањата пласирани на прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ како и во некои медиуми, во кои се оспорува исправноста на неговото работење.
„Прво, промоцијата на ФИТР како институција која треба да ги поттикне и поддржи младите иноватори и претприемачи во нивните идеи е заложба на секој вработен во Фондот, но пред сé, моја лична. Видеата со млади успешни претприемачи и иноваторите кои ја добиле поддршката од Фондот се направени единствено со оваа цел, а не како што се наведува, за моја промоција како директор на институцијата, уште помалку како функционер во партијата.
Видеата се направени во моја продукција, а за нив не е потрошен ниту денар државни пари, што лесно може да се провери со увид во фактурите на Фондот. Истите не се реализирани во рамките на договорите со маркетинг агенциите кои се споменуваат, за кои дополнително информирам дека се договори кои јас ги наследив од претходното раководство по моето доаѓање на функцијата. Договорите се направени во септември минатата година и потпишани од претходниот директор , Јован Деспотовски.
И покрај обидите на некои структури да ја дискредитираат мојата работа, јас останувам посветен на промоција и подобрување на имиџот на Фондот и поттик на иновациите, како механизам за остварување забрзан технолошки и економски раст и развој во земјата“, наведе Петров во демантот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира