Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали МВР регистрирала пиштол Глок на лице од листата „Безбеден град“?
МВР на Оливер Спасовски се обидува со молк да забошоти огромен скандал, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„ Дали во МВР е регистрирано оружје, пиштол Глок, калибар 9 милиметри, на лице со одобрение за оружје, Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година? Дали Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година, е во првите пет на листата „Безбеден град“ за следење, листа на топ 50 поврзани со тежок криминал? А, зошто МВР, молчи за ова?
Комисијата за дозволите, одобренијата за оружје е составена од Оливер Спасовски, а водена од неговиот пулен Музафер Каришиќ. Скандалот е уште поголем со тоа што токму Каришиќ е творец на планот „Безбеден град“!
Творецот на овој план и список дава дозвола за оружје на лице во врвот на овој план и список!
Молкот повеќе не е опција за Спасовски, ниту за МВР, молкот е само обид да стивне скандалот којшто открива поврзаност, шурување на врвот на МВР на Спасовски со криминалот“ рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

