Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали сега граѓаните ќе може да ја пеат химната „Денес над Македонија се раѓа“?

Смее ли државата да издаде учебник во кој ќе пишува Македонија? За што ќе учат децата? Ќе смеат ли децата, а воедно и сите граѓани, да ја испеат химната „Денес над Македонија се раѓа“?, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Смее ли ансамблот ‘Танец’, ако не знаеш, Зоране, создаден со одредба на македонската влада, да изигра македонско оро и дома и во странство? Зоране Заев, сам ли или кој наместо тебе ќе го корне македонското сонце од јавните површини следните 6 месеци онака како што си прифатил во членот 8? Иако целиот член е монструозен, еве што вели став 3 од овој член од договорот што го потпиша Зоран Заев – ‘Втората страна не смее повторно да го употребува на кој било начин и во кои било форми симболот што претходно бил прикажан на своето поранешно национално знаме. Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој договор, втората страна ќе продолжи со отстранување на симболот прикажан на нејзиното поранешно национално знаме од сите јавни места и јавни употреби на нејзина територија’“, рече Стоилковски.
Според него, овој таканаречен договор е акт на чистење цела нација и, како што рече, е геноцид врз цела нација, односно етноцид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.
Болницата „Систина“ кадешто се лекуваше Панчо изрази длабоко сочувство со семејството, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност.
Панчо по пожарот беше пренесен во „Систина“, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изманатите месеци му беа направени неколку операции. Тој е 63 жртва на пожарот во „Пулс“, во кој загинаа и вокалистот на ДНК Андреј Ѓорѓиевски, професорката и придружен вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс кои настапуваа на сцената.
Македонија
Цветановска: Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него?

Кандидатката за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Цветановска, изјави дека актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски ги уништил Карпош 3 и Карпош 4.
„Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, нема нови зелени површини, нема нови паркинг места, нема нови содржини,“ изјави Цветановска.
Таа потсети дека „во Карпош 3, во Лептокарија, вети подземен паркинг со фонтана и шеталиште над паркингот – инвестиција која ја најавуваше како најголема и најважна во неговиот мандат. Од тоа има само едно големо ништо“.
„И во Карпош 3 и во Карпош 4 зелените површини ги уништи, а нови не направи. Стевчо Јакимовски го бетонизираше Карпош 3 и Карпош 4, а вети нов парк, детско игралиште, нов скејт-парк и центар за старт-ап фирми,“ додаде таа.
Во изјавата Цветановска ја спомена и кандидатката на СДСМ, Маја Мојсова, за која рече:
„Маја Мојсова, која од СДС е поставена како статист на овие избори, треба да служи само како мост за префрлање на гласовите на карпошани во вториот круг на контото на Стевчо Јакимовски. Истиот оној Стевчо Јакимовски кој го уништи Карпош 3 и Карпош 4.“
„Маја Мојсова игра улога која на овие избори и ја даде Венко Филипче и Зоран Заев,“ додаде Цветановска, прашувајќи „дали ќе биде послушник на мафијата и ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за нова и продолжена бетонизација на Карпош.“
Македонија
Костовски: Ќе изградиме дом на културата во Бутел

„Почитувани граѓани на општина Бутел, денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом“, рече Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
„На оваа тематика работевме во изминатиот период. Успеавме да ги надминеме сите имотно правни проблеми и успеавме да направиме еден убав модерен проект за којшто архитектите обезбедија и 3Д анимација којашто ќе можеме да ја погледнеме.
Плоштадот ќе се простира на 3000 метри квадратни. Домот на култура ќе се простира на 900 метри квадратни. За овој проект се потребни 100 милиони денари. Истите ќе бидат обезбедени од страна на буџетот на општина Бутел“, изјави Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.