Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски наметнува нови даноци, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкција
Ниту Бујар Османи ниту Димитар Ковачевски не одговори каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што ѝ припаднаа на Македонија? Зошто Фрчкоски не ги враќа парите во буџетот? Дали ќе се санкционира ваквото однесување на Фрчкоски во моменти кога Ковачевски воведува нови даноци поради празната државна каса, а Фрчкоски не враќа 4 милиони долари, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Ова, како што вели е огромен скандал.
„Недозволиво е два дена да нема одговор зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? За потсетување, 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари“, додава Столковски.
Османи и Ковачевски, вели тој, мора да одговорат дали во декември лани и во јуни годинава испратиле инструкции до Фрчкоски парите да бидат префрлени во државниот буџет?
„Османи и Ковачевски мора да одговорат зошто е потребно дури на два пати, декември и половина година потоа, во јуни годинава по втор пат да праќаат исти инструкции амбасадор да врати пари од сметка во буџетот? Дали Фрчкоски одбива соработка со министерството и со владата? Дали е тоа дозволено самоволие и непочитување на инструкции од Фрчкоски – парите не ги префрла во буџетот на државата, тоа одбива да го направи и ги држи на сметката на Мисијата.
Мора да се знае какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари? За што се планирани овие пари, дали воопшто се планирани ако се бараат во буџетот, или на повидок е потенцијална матна зделка? И најважното прашање – зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот, ако не бил информиран, сега веќе би требало да знае за сето ова“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Прашува дали Македонија ќе доживее уште еден скандал од транзицискиот политичар, којшто веројатно смета дека како амбасадор може да не почитува инструкции и на сметка на Мисијата да присвои пари на граѓаните на Македонија, за можни матни зделки практикувани во 90-тите години како на пример за скапи коњи, луксузни очила за сонце, кога амбасадорот беше министер.
Според Стоилковски, Македонија тоне во сиромаштија, се измислуваат нови даноци и давачки, криминалот, корупцијата, неказнивоста и самоволието цветаат, а само избори се спасот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.