Македонија
(Видео) Стоилковски: Нема трка за два милиона евра за една улица

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје во заминување, сè уште молчи за наводите во аферата „Профитер“, или како се местат милионски тендери, така што фирмите изгледа немаат потреба од работа и се откажуваат од пари, а всушност тендерите се однапред договорени, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„По ‘Пластичарска’ и ‘Есенинова’, еве го и договорот за улица Киро Глигоров, онаа улица од Автокоманда до Ново Лисиче, продолжеток на булеварот Србија. Повторно милионски договор, 2 милиона евра. Договор од јули оваа година, сега пред избори. Проценета вредност: 117.586.000. Склучен договор: 110.400.000 денари или разликата е некои седум милиони денари за волкав зафат тоа е речиси ништо. И повторно иста фирма која без реална трка на аукција добива три милиони евра за ‘Пластичарска’, еве ја сега на истиот начин добива речиси 2 милиона евра. Иста шема, неколку понуди, ама нема натпревар за земање на работата. Со едно намалување при електронската аукција, фирмата онаа со највисока првична понуда го зема тендерот. А внатре повторно цени 3 пати повисоки од реалните“, обвини Стоилковски.
Опозицијата додава дека градоначалникот Шилегов нема објаснување како одеднаш големи градежни фирми немаат интерес за тендери од 2,3,20 милиони евра, во време на криза, односно во време кога немаат пари за обезбедување плата за работниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Температурите во среда и четврток ќе паднат под нулата

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.
Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Македонија
Лукаревска со новоизбраните претседатели на партиските комисии: Ветеното го исполнуваме, растат платите и пензиите

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска одржа работен состанок со новоизбраните претседатели на партиските комисии.
На средбата се разговараше за актуелни теми, процесот на комплетирање на составите на комисиите, динамиката на следните активности, како и степенот на реализација на Програмата од изборите во 2020 година по соодветни области.
„Комисиите се важен дел од функционирањето на партијата, особено во креирањето на мерките и политиките за Програмите на СДСМ. Огромен дел од клучните ветувања во Програмата за парламентарните избори во 2020 се веќе реализирани или се во фаза на реализација. Година и половина пред предвиденото минималната плата надмина 20.000 денари, а просечната стигна на 34.000 денари, истовремено го зголемивме и лимитот за поврат на Мој ДДВ на 2.100 денари по тромесечје. Тоа е доказ дека нашите комисии се капацитетни, дека знаат да направат сериозни процени и навистина да креираат остварливи решенија во интерес на граѓаните и државата“ порача Лукаревска.
Пред присутните Лукаревска најави дека во периодот што следи ќе започнат различни активности околу подготовка на новата програма, затоа што како што истакна таа, навременоста и инклузивниот процес се клучот за создавање одржливи решенија.
Македонија
Директорот на ДУИ во Државни патишта за косење трева склучил договор од 2 милиони евра, реагира Николоски и укажува на корупција

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го обвини директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми дека склучил договор за тендер за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во вредност од над 2 милиони евра.
„Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија“, напиша Николовски на својот профил каде го прикажа и договорот за тендерот.