Македонија
(Видео) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува, хидросистемот Ѓавато не функционира

Дојранското Езеро, едно од нашите најзначајни природни богатства, заштитено подрачје и туристичко место е под сериозна и реална закана поради катастрофалната негрижа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Алармантна е состојбата со хидросистемот Ѓавато. Речиси четири месеци водата не тече низ каналот, систем изграден за да го одржува водостојот на Езерото и да спречи негова деградација, вели Љупчо Стојановски од Комисијата за животна средина на СДСМ.
„Пумпите кај Богданци се исклучени, делови од системот се уништени, цевководот е во распаѓање, а коритото е целосно неодржувано. Иако, Министерството за животна средина и просторно палнирање е задолжено да обезбеди финансиски средства во буџетот за 2025 година за реконструкција на хидросистемот, негово ставање во функција за да се обезбеди дотур на вода во Дојранско Езеро.
Од ноември 2024 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја лаже јавноста дека ќе го санира системот. Досега – ништо“, вели тој.
Како што додава, не е направен ниту еден конкретен чекор.
„Последиците веќе се видливи. Хидросистемот Ѓавато не функционира. Дојранското Езеро нема дотек на вода. Нивото на езерото е под дозволениот минимум. Биодиверзитетот е загрозен. Туризмот трпи штети. Егзистенцијата на стотици семејства е доведена во прашање. Премиерот Мицкоски, наместо да побара одговорност и да понуди решенија, влезе во јавен конфликт со новинарка која го постави легитимното прашање за состојбата со хидросистемот. Кого бранеше Мицкоски, дали својот коалициски партнер? Што прави ЗНАМ, ова ли е нивната грижа? Каде е коректорот? Или само бизнисот во Куманово го интересира? Ова не е прашање на политички односи туку на животната средна“, додадде Стојановски.
СДСМ, мкако што нагласи, бара итна и реакција од институции, пред се министерството за животна средни:
„Да се санира веднаш и да се пушти во функција системот Ѓавато. Да се воспостави редовен мониторинг за нивото на водата и јавноста да биде навремено информирана.
Секој следен ден неактивност е директен удар врз животната средина, врз граѓаните и врз иднината на регионот.
Не смее да се дозволи Дојранско езеро да стане жртва на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Полицијата и РСБСП со едукативно – превентивни кампањи во Охрид

СВР Охрид и РСБСП, од 10 часот, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, во Охрид, ќе извршат презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи кои досега се реализирани во Охрид, но и во другите градови во земјава.
Низ кратки разговори со граѓаните, полициски службеници од отсекот за превенција ќе ги запознаат граѓаните за содржините, насоките и советите што се даваат при спроведувањето на кампањите „Стави појас“, „Ако пиеш не вози“, „Безбедно во лето-вози одморен“, „И јас и ти сме пешаци“, ,,Безбедно во лето- носи кацига“, „ Користи пешачки“, „Одговорно паркирај“, „Спречи кражби“, „Безбедно вози- не користи мобилен“ и други, а се суштински за подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, јакнење на свеста и совеста за поголема внимателност во заштита на личниот имот и сопственост на граѓаните, одговорно однесување во сообраќајот и подигнување на сообраќајната безбедност.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За време на СДСМ улица во Драчево е преименувана во Азем Морана

Срамно и дрско е СДС да зборува за темелите на македонската државност откако променија знаме, име и Устав на државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ.
„СДС која тоне се подолу во рејтингот меѓу граѓаните, заборава дека име на училиште го дава општинскиот совет, а не Владата. За да ги потсетиме, токму тие во време Зоран Заев како премиер и градоначалник на СДС во Скопје, во Драчево улица е преименувана во Азем Морана, откако претходно се викала Јустинијан Први. СДС говори за македонска државност, а во нивно време се променија и името, и знамето и Уставот на Македонија. Ги распродаваа државните интереси на кој стигнат за ден повеќе власт. Затоа граѓаните не им дадоа доверба и тонат секојдневно се повеќе. Подлоста на СДС оди во невидени размери, а ние како ВМРО-ДПМНЕ сме вчудоневидени на нивното однесување“, пишува во реакцијата.
Македонија
Клиниките за Токсикологија, Неврологија и Кардиологија добија нови директори

Министерството за здравство информира дека се именувани нови в.д. директори во четири јавни здравствени установи.
На Универзитетската клиника за токсикологија за в.д. директор е именуван д-р Арѓенд Имери, на местото на д-р Андон Чибишев.
На Универзитетскиот институт за клиничка биохемија за в.д. директор е именувана д-р Мимоза Бафќари-Бакији, на местото на д-р Николина Граздановска.
На Универзитетската клиника за неврологија за нов директор е именуван д-р Игор Кузмановски, на местото на д-р Фатмир Меџити.
На Универзитетската клиника за кардиологија за нов директор е именувана д-р Даница Петкоска Спирова, на местото на д-р Беким Поцеста.
Новоименуваните директори ја извршуваат оваа функција почнувајќи од вчера.