Македонија
(Видео) Талевски: Пресудата за „Трезор“ е доказ зошто беше важен Законот за ЈО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/14-04-2021-Talevski.jpg)
Навраќајќи се на вчерашната пресуда против обвинетите во предметот „Трезор“, меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање, Сашо Мијалков, пратеникот Миле Талевски од СДСМ оцени дека тое е уште една потврда дека времето кога некои поединци беа над законите е завршено.
„Заврши времето на селективност и неказнивост, сега е време на правда и одговорност. Пресудите, донесени преку докази, преку отворени и транспарентни законски постапки, покажуваат дека државата има силен, независен и ефикасен правосуден систем, кој испорачува правда во согласност со законите“, рече Талевски.
Според Талевски, овие пресуди покажуваат зошто било важно носењето на Законот за Јавното обвинителство.
„Токму со овој закон продолжија предметите ‘Тврдина-Таргет и ‘Трезор’, отворени од специјалното јавно обвинителство и по кои веќе има пресуди, но и предметите ‘Империја’, ‘Талир’ и ‘Плацовите на Водно’, предмети што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидуваа да ги уништат. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ја попречат правдата, не успеаја нивните обиди да ги заштитат криминалците во своите редови“, истакна Талевски.
Според него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените на браникот на криминалот и мора да сфатат дека времето на контролирано судство заврши.
„Повеќе нема недопирливи, нема поединци над законите“, потенцира Талевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.