Македонија
(Видео) Талески: Поради деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, Законот за служба во Армијата цела година беше блокиран

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а пред сè пратеникот Драган Ковачки, треба да им се извинат на припадниците на Армијата за блокадите што цела година ги прават овде во Собранието, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница.
„Вие господине Ковачки ја манипулирате фелата од која доаѓате и треба да им се извините на припадниците на Армијата затоа што поради вас лично беше блокиран Законот за служба во Армијата. Една година припадниците на Армијата не ги добиваат бенефитите од овој закон, кој ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го блокира со една цел – да ве заштити вас лично, односно во делот во кој пишува дека припадници на Армијата не смее да бидат членови на политички партии, односно да бидат на високи позиции во Армијата. Откога станавте пратеник, манипулиравте и овде предлагавте ист таков закон и ги лажевте војниците“, порача Талески во реплика кон пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека парламентот работи во интерес на сите граѓани и ги повика сите пратеници да гласаат и законот да биде донесен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време, попладне и вечер дожд и грмежи

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=8.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки. (Oпштина Ѓорче Петров)
Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.