Македонија
(Видео) Трипуновски: Извештајот на ЕК потврди дека земјоделството е на лош пат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/трипуновски.png)
Земјоделството во Македонија е на лош пат, тоа го потврди и извештајот на Европската комисија за Македонија. Во сите три поглавја што го опфаќаат секторот земјоделство речиси немаме напредок. Ова го изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
Тој рече дека во поглавјето 11, Земјоделство и рурален развој, се вели дека не е постигнат напредок во овој сегмент.
„Ниските цени и слабиот откуп се препознаени и од ЕУ и се нотирани како слабост на нашето земјоделство. Европската комисија вели дека е потребна поголема поддршка за капацитетите за складирање на земјоделските производи. Производителите на домат и зелка во Струмичко го фрлаа својот род на депониите, исто како и јаболкарите во Ресен кои ги уништуваа своите долгогодишни насади разочарани од ниската откупна цена на јаболката. Сливарите во Пијанец и Малешевијата ги фрлаа сливите, истото се случи и со производителите на пиперка, бостан и другите земјоделски производи. Да имаше поголем број складишни капацитети, производителите ќе ги складираа своите производи и ќе ги продаваа по достојни цени во одреден временски период“, заклучи Трипуновски.
Тој додаде дека во поглавјето 12, Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, е задржана истата оценка што ја влечеме со години наназад, односно е остварена уште пред неколку години, па тука СДСМ немала направено ништо, дополнително за унапредување на оваа поглавје.
Во поглавјето 13, додаде Трипуновски, се вели дека не е постигнат напредок во однос на препораките кои биле дадени во минатиот извештај.
„Во овој сегмент министерството, т.е. Николовски и Зоран Заев немаат направено ништо во делот на инспекцијата и надзорот, ниту, пак, имаат направено чекор напред за усогласување на македонското законодавство со регулативите на ЕУ“, смета опозицијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ ,извештајот е уште еден доказ дека премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, не се грижат за македонското земјоделство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.