Македонија
(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и за луксузи, особено во услови кога голем дел од општините се со блокирани сметки и во долгови. Тој ги повика да изготват извешаи за потрошените пари по примерот на алатката за отчетност на министрите и да ги објават на нивните веб-страници.
„Барам транспарентност, барам одговорност, подеднакво за сите без разлика кој градоначалник од која партија доаѓа. Парите да се трошат исклучиво за потребите на граѓаните, затоа што самите знаат дека се избрани од нив. Знаете дека до крајот на годината треба да се сервисираат дел од долговите, со што централната власт им помогна со 51% од сумата што ја должат. Затоа ќе кажам, ако е подадена раката за помош, не треба да се злоупотреби. Барам јавно да објават во извештаи, по ставки за што и како ги трошат нивните буџети, затоа што во вакви услови не можеме да си дозволиме непотребно фрлање пари“, порача Фазлиу.
Тој вели дека нема механизам со кој може да бара одговорност за градоначалникот на Струга кој набави ново „ауди А8“ со пари од буџетот на општината. Тој рече дека сега откако е донесена одлуката не може да се смени ништо бидејќи Советот на општината веќе ја изгласал.
„Немаме механизам за контрола, има надлежни институции и инспекции кои треба да се занимаваат со случајот. Дали градоначалникот на Струга распишал тендер за луксуз, требало да процени советот на општината, колку што знам, тој ја донел одлуката. Ова е механизмот со кој граѓаните може да извршат притисок, преку советниците кои ги избрале. Во секој случај планирана е средба со градоначалникот Мерко на која ќе поразговараме и за набавката за возниот парк“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

