Македонија
(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја предаде Македонија за мигрантски пари
ВМРО-ДПМНЕ ја издаде и ја предаде Македонија за мигрантски пари, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека тоа е причината зошто Влдата ВМРО-ДПМНЕ, не дава конкретен одговор за договорот со Велика Британија, потсетувајќи дека СДСМ со денови бара конкретни одговори од премиерот Мицкоски.
„Повеќе денови наназад предупредуваме дека премиерот Мицкоски договорил преземање мигранти во Македонија. Сите овие изминати денови бараме да одговорат: дали е договорен план за преземање мигранти? Дали ќе им се дозволи и ќе им се даде постојан престој? Дали ќе им се обезби работа?Дали потоа ќе добијат македонски пасоши? Дали планираат да ги сместат во шатори или да им градат социјални станови?И како што гледате-нема одговор!“, рече Филипче.
Тој укажа дека е јасно дека прифаќањето на мигрантите е дел од договорениот кредит со Велика Британија.
„Затоа што се обврзале да примат мигранти како дел од пакет-договор за кредит, за да продолжат да распишуваат тендери и да прават договори во четири очи за да ги трошат народните пари за своите бизнис-партнери“, рече Филипче.
Притоа, Филипче додаде дека по пишувањата на бројни домашни и странски медиуми, вклучително и британскиот „Тајмс“, сомнежите на СДСМ се потврдени.
„По обидите, фокусот да го префрлат на измислени вести, лажни обвиненија, пријави сè, само да се дефокусира јавноста од горчливиот проблем со мигрантите. По извлекувањето и избегнувањето на премиерот Мицкоски – до пролет, после пролет, ќе бидам премиер, нема да бидам премиер, на сите ни е јасно што се подготвува.Одговорот е јасен – мигранти во јуни во Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ново судење за пожарот во „Пулс“
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да продолжи денеска со сослушување на сведоци, во судницата во Идризово.
Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот совет.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.

