Македонија
(Видео) Филипче: Истрагата за Кочани досега се води селективно, СДСМ ќе ги искористи сите механизми

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека СДСМ дава поддршка на институциите да ја завршат истрагата за трагедијата во Кочани професионално и транспарентно, но дека целиот процес се води селективно.
Филипче потенцираше СДСМ во следниот период ќе следи како се одвива истрагата и ќе реагира доколку продолжи со истата тенденција на селективност.
„Најодговорните во МВР коишто имале ингеренции и на денот на случување на трагедијата и на самото место, не преземале одредени дејства кои требало и можело да ги преземат. Вчера на Извршниот одбор на СДСМ донесовме заклучок дека ќе ја следиме истрагата, ќе го пратиме процесот како се води, и доколку оваа тенденција продолжи ќе побараме и Анкетна комисија и сите други механизми кои што ќе бидат на располагање“, рече Филипче.
При тоа тој нагласи дека во оваа во оваа фаза кога истрагата се уште не е завршена, СДСМ укажува на одредени работи за кои што смета дека е водење на селективна правда и дека таа верига на настани како што ја нарекува Владата, не може да се запре само со поранешните функционери.
Филипче посочи дека токму механизмите како анектената комисија може да бидат инструмент што ќе даде резултат во водењето на транспарентна и професионална истрага.
„Истрагата се уште трае и можеби нешто во следниот временски период ќе има некаква интервенција во насока на тоа што ние заедно со правници го констатираме, дека треба да бидат пфатени и други лица со истрагата“, рече Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со независен кандидат за градоначалник на Кочани, Филипче појасни дека тоа е нешто за што треба да се разговара, но дека во ниту еден момент од трагедијата во Кочани не треба политички да се профитира и затоа предлогот е во таа насока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.