Македонија
(Видео) Царовска: Младите успешно се вработуваат, оперативниот план се реализираше за шест месеци со буџет двојно поголем од 2016 година
Десетина мерки и програми од оперативниот план за вработување се речиси 100 процентно реализирани, заклучно со минатата недела. Пилот програмата Младинска гаранција се покажа како исклучително ефикасна, а постојано се зголемуваат и парите наменети за оперативниот план, соопштија министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.
Годинава буџетот за вработување е за 100 милиони денари поголем од лани и изнесува 987,5 милиони денари, односно е речиси двојно поголем од 2016 година кога за истата намена претходната власт издвои 552,6 милиони денари, додадоа Царовска и Јовановска на заедничката прес конференција која се одржа во Вадата.
„Овие мерки даваат резултати, трендовите се позитивни и со тоа очекуваме позитивно да влијаат на невработенoста, особено кај младите во Македонија.Трендот на зголемување на буџетот за оперативниот план ќе продолжи и во следните години, а по завршувањето на пилот програмата Гаранција за младите, Владата ќе направи темелна анализа за тоа колку пари ќе се издвојат за идната година“, изјави Царовска.
Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, пак рече дека една од програмите за која има најголем интерес кај невработени лица е програмата за самовработување, и со неа годинава се опфатени 1.176 лица.
„За оваа програма за учество аплицираа 2.184 невработени лица, а 1.521 од нив успешно ги завршија обуките за развој на претприемаштвото и развој на бизнис план. Во 2018 година беа креирани 920 бизнис планови, од кои 361 се веќе селектирани за регистрација на фирми“, рече Јовановска.
Во изминатите 5 месеци од имплементација, во Гаранција за млади бea вклучени 1.979 млади лица до 29 години. Од нив 586 веќе се вработиле, 705 се вклучени во некоја обука или пракса, а 952 лица се вклучени во услугата за посредување при вработување, се посочува во владиното соопштение испратено по завршувањето на заедничката прес конференција на министерката за труд и социјална политика и директорката на Агенцијата за вработување.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

