Македонија
(Видео) Oтворен првиот младински ресурсен центар во Гостивар
Во Гостивар е отворен младинскиот ресурсен центар, кој е прв од ваков тип во државата.
Ќе биде наменет за младите од Полошкиот Регион.
Мисијата на центарот, како што објасни министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, е подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис-решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како и воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот.
Таа се осврна на имплементација на проектот „Гаранција за младите“ со цел подобро позиционирање на младите на пазарот на трудот, со кој изминатата година 8.446 лица се вработиле, а 2.000 станале подготвени за вработување.
Младинскиот додаток, рече Шахпаска, овозможува секое младо лице до 23-годишна возраст, вработено во производството, да добива месечен надоместок од државата во износ од 3.000 денари. Мерка со која минатата година биле опфатени 3474 лица.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ја истакна важноста од еден ваков центар за локалниот развој и изрази уверување дека овој современ ресурсен центар ќе одговори на потребите на младите во целиот Полошки Регион.
Амбасадорката на Швајцарија, Сибул Сутер, истакна дека со поддршката на центарот I can Швајцарија ја потврдува заложбата за вклучување на младите во сите важни процеси на локално ниво, а особено успешната активност на младите на пазарот на трудот.
„УНДП соработува со младите и младинските организации, приватниот сектор и владините институции со цел поддршка и промовирање на младинскиот концепт. Ние веруваме дека младите се поттикнувачи на промените и многу важни партнери за остварување на одржливите развојни цели. Начините како ги вклучуваме младите во важните глобални трендови ќе го одреди и успехот за постигнување одржлив развој, раст и инклузивен проспаритет“, истакна постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

