Македонија
(Видео) Шекеринска : Ова е година во којашто очекуваме добри вести за нашата татковина
По повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, владина делегација предводена од заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во чиј состав беа и министерката за финансии, Нина Ангеловска и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски денес присуствуваа на централната манифестација – фрлањето на крстот во водите на реката Вардар во Скопје.

„Дозволете ми во мое лично име и во име на владината делегација и Владата на сите христијани да им го честитам празникот Богојавление и да им посакам среќа, радост и успеси”, изјави притоа министерката Шекеринска.
Министерката рече дека фрлањето на крстот е дел од нашите христијански обичаи, но и од традициите на македонскиот народ кои што секоја година ги прославува. „Тие се победа над искушенијата и доказ дека ако си издржлив, ако си упорен, успехот следи”, додаде Шекеринска.
„Во овие моменти сакаме да ги упатиме пораките на обединетост, пораките на спокој, радост, среќа и успех. Ова е година во којашто очекуваме добри вести за нашата татковина. Во тоа име денес навистина ми беше задоволство со голем број граѓани на Скопје да бидеме тука и да го прославиме овој ден”, истакна министерката.

Во име на Владата Шекеринска му подари пригоден подарок на Христијан Ниновски кој оваа година го фати крстот. Во рамките на активностите на министрите по повод верскиот празник Богојавление – Водици, министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на манифестацијата што беше организирана во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

