Македонија
(Видео) Шекеринска: Убедени сме дека во 2019 Македонија ќе биде на масата со останатите сојузници во НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/DSC_5334_resize.jpg)
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денеска имаа средби со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмиралот Џејмс Фого, кој е во посета на Република Македонија.
Шекеринска ја потенцираше долгогодишната соработка помеѓу МО и АРМ и Здружената команда на сојузничките сили во Неапол која, како што посочија од Министерството, придонесе Македонија да биде подготвена да стане 30-та земја членка на НАТО.
„Убедени сме дека на почетокот на 2019 година Македонија ќе биде на масата заедно со сите сојузници, земји членки во сојузот, а веднаш потоа со успешно ратификуван процес ќе бидеме и 30. членка на НАТО“, рече Шекеринска и изрази благодарност за посветеноста на Здружената команда во Неапол и НАТО-канцеларијата за врски во Скопје во поддршка на реформите и развојот на Армијата.
По средбата министерката за одбрана посочи дека Македонија го продолжува и го засилува своето присуство и учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан бидејќи, како што рече Шекеринска, цврсто веруваме во вредностите на алијансата, а тоа е дека мирот, стабилноста и безбедноста во светот влијаат позитивно на секоја земја, на Македонија, на Европа.
„Како на одговорна команда за силите на НАТО за Косово, КФОР, можам да порачам дека Македонија со истата посветеност како и досега ќе продолжи да ја дава сета поддршка. Како и на нашиот состанок, и тука ќе ја потврдам нашата подготвеност да започнеме и со оперативна поддршка на силите на КФОР со штабни офицери од АРМ. Тоа го гледаме како шанса за придонес кон НАТО и како шанса да ја збогатиме нашата регионална соработка“, рече министерката Шекеринска по средбата.
Командантот на Здружената команда во Неапол истакна дека НАТО го цени исклучителниот напредок штодржавата го направи во изминатиот период и рече дека е дојдено времето Македонија да стане земја членка на алијансата. Адмиралот Фого додаде дека членките на НАТО се посветени на колективната одбрана и безбедност која ќе ја унапреди стабилноста на Македонија. Истакна дека НАТО-канцеларијата за врски, исто како и Командата во Неапол ќе продолжат да ја поддржуваат земјата и армијата во реформските зафати во одбранбениот сектор.
За време на средбата на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски со адмиралот Џејмс Фого беше потврденa досегашната соработка со Командата на здружени сили на НАТО во Неапол, при што се разговараше за учеството и професионалноста на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка во Авганистан, како за користење на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.