Македонија
(Видео) Штерјев: Денеска сум гостин, нема да ви одговорам дали ќе поднесам оставка
На денешниот настан организиран по повод Денот на првавосудството, меѓу присутните беа и американскиот амбасадор во Македoнија, Џес Бејли, и претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев. Тие не се поздравија, но заедно ја проследија свеченоста. На настанот што беше организиран во февруари, Џес Бејли го искритикува токму Штерјев за судир на интереси и непотизам при изборот на јавни обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Тогаш Бејли рече дека еден од членовите на Советот учествувал во донесувањето спорна одлука и случај каде што еден јавен обвинител, член на Советот, гласал за одлука на член на семејството на друг член на Советот.
Откако „Макфакс“ минатата недела се обиде да го добие и телефонски и преку СМС-порака Штерјев, тој не одговари на повиците и ги игнорираше прашањата. Денеска на настанот рече дека не сака да даде изјава зашто веќе се произнел за тоа.
„Немојте да ме молите. Не е в ред. Денеска има настан Здружението на судии. Дадоа луѓето изјави, кажаа што имаа, јас навистина немам што да кажам по тој повод. Денеска сум дојден како гостин“. На прашањето дали ќе поднесе оставка за спорниот избор на обвинители, тој рече дека веќе одговорил на прашањето.
„Макфакс“ објави дека обвинителка гласала кога како точка на дневен ред бил изборот на нејзината колешка Лидија Раичевиќ, која, пак, кривично го гони нејзиниот сопруг за перење пари во случајот од 2017 година со НЛБ банка во Скопје, како и со предметот „Банки“, во кој се вклучени неколку големи македонски банки со креирање лажни шеми на должничко-доверителски односи.
Претходно, медиумите објавија дека претседателот на Советот гласал за да биде избрана неговата внука за обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За овие 2 предмета се заинтересира и Државната комисија за спречување корупција. Како што објави „Макфакс“ , во едниот од рефератите е констатирано дека постои судир на интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

