Македонија
(Видео) Ѓорчев до Заев и Бислимовски: Итно враќање на старата цена на струјата
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во континуитет со поддршка на македонските граѓани бараат враќање на старата цена на струјата. РКЕ заедно со Марко Бислимовски е поставена како инструмент на политиката на Зоран Заев и неговите министри, обвини Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од тие причини барањето е следно:
Бараме веднаш враќање на старата цена на струјата. Македонија плаќа најскапа цена на струјата во Европа во споредба со примањата што ги имаат, односно ги немаат македонските граѓани.
Од тие причини бараме што побргу враќање на старата цена и разрешување на Марко Бислимовски како послушник на Зоран Заев и неговите министри. Заев го именувал, Заев да го смени. Ако не, Марко Бислимовски да си поднесе оставка и целата РКЕ. Затоа што во оваа сиромаштија, во овие отпуштања што ги имаме во Македонија, во овој економски колапс што ни се случува, да се зголемува цената на струјата е ништо друго, освен терор, економски терор врз стандардот на граѓаните на Македонија.
Значи, што побргу да си поднесе оставка РКЕ, ако не си поднесе оставка, да биде разрешена. Да се именува професионална РКЕ, луѓе што си ја знаат работата, а не кои ќе бидат први да се сликаат во штабот на СДСМ и да си ја работат работата онака како што треба.
Ова се главните работи што сакаме да ги порачаме, ова се главните пораки што сакаме да ги соопштиме и во овие наши настојувања ќе продолжиме да инсистираме на ова. Ова е важно за илјадници и илјадници семејства во цела Македонија. Ова е важно за македонската економија, која во моментот е на колена.
Никогаш наназад 30 години сме немале поголема криза, никогаш повеќе сме немале ваков скок на невработеноста уште од времето на транзицијата и како врв на сето тоа, во ситуација во која во многу европски земји се намалува цената на струјата, се намалуваат давачките, се намалуваат казните, во Македонија се случува обратното“, рече Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Бутел, Карпош и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Александар Турунџов во општина Бутел.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Панче Пешев бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош, како и корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка во општина Сарај.
Македонија
Без вода делови од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известувааат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 5/4“ на бул. Илинден б.б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од ул. Љубљанска до ул. Никола Парапунов. ( општина Карпош )
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево време
Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.