Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: СДСМ изврши масовен предизборен поткуп од над 100 милиони евра, а ЈО молчи
Главниот проект на СДСМ, кој го реализира во ова тригодишно владеење, е поткупот на изборите што го спроведе масовно и неконтролирано, обвини на денешната прес-конференција претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓеиевски.
Во контекст на ова тој нагласи дека непосредно пред изборите биле пуштени во промет платежните картички со кои илјадници граѓани добиле од 100 до 200 евра.
„На два дена пред избори, кршејќи ги законите, СДСМ подели десетици илјади картички за зелена нафта помеѓу земјоделците, при што потроши дополнително 200 милиони денари или 3,5 милиони евра. На истиот начин, две недели пред тоа, Владата преку Генералниот секретаријат подели половина милион евра на 40 невладини организации“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, во текот на целиот период од завршувањето на вонредната состојба до денот на изборите биле делени пари за фирмите во висина од 100 милиони евра.
Таканаречената помош за стопанството ја добија само одбрани фирми, а сега гледаме и зошто. На целиот институционален поткуп му следеше и теренски, црни пари во кеш, кои беа делени два дена пред и на самиот ден на изборите. Во Штип во посед на едно лице беа фатени 40 лични карти, кои исто така биле дел од поткуп шема. Масовен поткуп, на 29 места е регистриран и на денот на избори, на разни локации низ државата. А регистрирани се неколку носења лица до гласачко место. ЈО и институциите задолжени за расчистување на овие случаи молчат“, обвини Ѓорѓиевски, кој додаде дека Јавното обвинителство мора да реагира и да поведе постапки против овие случаи за да ја одбрани правната држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

