Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Спасовски инсталира партиска полиција што треба да биде во коалиција со криминалот на власта
Со прифаќањето на капитулантскиот договор со соседна Грција, СДСМ и нанесе огромна политичка штета на Република Македонија, а со криминалното, коруптивното и дилетантското работење во економските ресори, земјата е клекната на колена и на финансиски план, рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна и дека со комплетната партизација на Министерството за внатрешни работи, Македонија се доведува во опасност и на безбедносен план.
„Оливер Спасовски и СДСМ директно удираат врз професионалноста на полицијата. Пред неполни месец дена лажеа дека не се подготвува чистка во специјалните единици, а сега ја манипулираат јавноста дека тоа било согласно потребите на службата. Десетици обучени специјалци се прераспоредени на позиции на кои не се неопходни нивните вештини. Обуката за секој од нив чини десетици илјади евра, а сега Спасовски и СДСМ го отфрлаат сето она што е инвестирано во овие професионалци изминатите години“, кажа Ѓорѓиевски.
Покрај тоа, на денешната прес-конференција, тој, изнесе и некои податоци за партиските сознанија во однос на тоа како СДСМ работи во останатите организациски единици во Министерството.
„Откако ги деградираа и шиканираа десетици професионални припадници на единицата ‘Тигар’, сега тоа го продолжуваат и на ниво на Секторите за внатрешни работи. Според документи до кои дојдовме, Министерството за внатрешни работи кое го води Оливер Спасовски со притисоци и заплашувања изнудува доброволни согласности на припадниците на полицијата да бидат прераспределувани на други позиции кои се за неколку нивоа подолу во хиерархијата. Да биде апсурдот поголем, МВР се повикува на член на законот кој не го регулира прераспоредувањето на работниците, туку ја регулира нивната обука. Доколку полициските службеници не ја прифатат оваа понуда, следуваат закани со откази за нив“, појасни членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорѓиевски посочи дека министерот за внатрешни работи надвор од законите и системот на кариера инсталира партиска полиција која треба да биде во коалиција со криминалот на оваа власт и да ги штити нив од незадоволството на народот.
„Ова што Оливер Спасовски го прави нема за цел да го подобри квалитетот на полицијата. Ова нема цел да ја подобри безбедноста на граѓаните, туку напротив брутално да ја партизира и да ја претвори во агенција за обезбедување на криминалниот картел на власт. МВР се претвори за паричка за поткусурување на коалициските договори, за задоволување на каприците на партиски послушници и создавање на послушна структура која ќе мижи пред криминалот на власта, а ќе фрла солзавец, гумени куршуми и шок бомби врз нашите граѓани“, беше речено на прес-конференцијата на опозициската партија.
Ѓорѓиевски додаде дека специјалците, полициските службеници, административците се под постојан притисок од оваа власт да не работат професионално, да прифаќаат уназадувања во кариерата или во спротивно да добијат отказ.
„Ова мора да престане. Овие нелегални одлуки ќе бидат преиспитани и за ваквиот притисок врз професионалците во МВР и за сите останати притисоци некој ќе сноси одговорност кога ќе ја вратиме назад правната држава“, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и ги охрабри сите професионалци во полицијата да ги документираат ваквите незаконски дејствија и доколку им е потребна било каква правна помош да се обратат до опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

