Македонија
(Видео) Јанушев: Во Собранието има 8 пратеници коишто немаат легитимитет да бидат овде
Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната собраниска седница посочи дека во моментот во Собранието се присутни 8 пратеници од мнозинството на коалицијата на СДСМ, а кои се избрани на нелегитимен и нелегален начин, укажувајќи дека со ова го кршат Деловникот на Собранието и фрлаат црна дамка врз демократијата.
„Во духот на транспарентноста, демократијата, почитувањето на правото како што љубат да кажат Заев и останатите тука седнати во првите редови, морам да укажам во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека во моментот во оваа сала во Собранието има 8 пратеници кои немаат ниту легитимитет ниту пак на легален начин му се верификуваше мандатот и за тоа на минатата седница ви укажавме“, вели Јанушев.
Јасно и прецизно е пропишано во членот 17 кој на Собранието му предлага верификација на мандатите по конституирањето на Собранието. Имено во членот 17 е наведено дека верификацијата на мандат на пратеници кои што станале пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на Извештај од ДИК, а по предлог на Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања.
„Овие извештаи кои што ги добивме како што може да види целокупната македонска јавност од верификационата комисија и впрочем од позади стои потписот на претседателот на верификационата комисија која што согласно овој Деловник на ова Собрание престана да работи, односно не постои со завршувањето на конституирањето седница. И денес де факто во ова Собрание имаме 8 луѓе на кои што местото на овој начин не им е тука, и за тоа сте виновни вие кои што дозволивте ова овде да се прави, како и ова овде таканаречено мнозинство“, додаде Јанушев.
Јанушев го обвини мнозинството на СДСМ дека со ваков однос и закажување на седницата за избор на нова влада дополнително се фрла сенка на нелегалноста и нелегитимноста, додавајќи дека веќе ништо не може да ги изненади бидејќи како што им порача тој цела македонска јавност изминатите три години знае дека сте криминалци, рекетар, неспособни сега покажавте и дека сте неписмени.
„И на овој начин продолжувањето со работа на ова Собрание и на начинот на која што ја закажавте седницата за избор на влада, ќе фрли уште една огромна сенка на нелегалност и нелегитимитет. Но, тоа е нешто што не не изненадува бидејќи во изминатите три години освен незаконие, прекршување на Уставот и законите не видовме друго. Покрај тоа што целата македонска јавност знае дека сте криминалци, рекетар, неспособни сега покажавте и дека сте неписмени“, изјави Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

