Македонија
Јанушев: Дали е нормално постапувањето на полицијата да не се бара возилото на Жежовски ако од почеток се знае дека лицето заминало со него
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/Igor-Janusev.jpg)
„Гледам дека Спасовски решил да глуми глув и слеп, што впрочем е сѐ што прави пред криминалот во сите овие 9 години министерување.
Спасовски, СВР Велес, на 24.11 ги известува буквално сите во МВР дека Панче Жежовски последен пат е виден во дворот на своето живеалиште од страна на својот сосед на 22.11 околу 11 часот. Исто така, констатирано е дека возилото на Панче – Citroen BX (VE2931AD), го нема и констатирале дека Панче заминал со возилото“, пишува на социјалните мрежи Игор Јанушев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Додава дека нема да се впушта во коментар за тоа дека Спасовски, како што оценува, лажеше пред целокупната јавност.
Јанушев прашува: Дали постои каков било акт (правилник, упатство) со кој е пропишана постапката по кој треба да постапуваат полицајците во вакви случаи? Дали е сосема нормално да се чека 2 дена за СВР Велес да прати известување, особено ако се земе предвид дека станува збор за лице со Паркинсова болест?
Дали е нормално и вообичаено постапување на полицијата да не се бара возилото, особено ако од почеток се знае дека лицето заминало токму со возилото?
Значи, Спасовски, има ли оперативни процедури по кои се постапува или секој постапува како што сака или како ќе му дојде во моментот?, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.