Македонија
(Видео) Јанушев: Спасовски и Ковачевски до пред еден месец ги лажеа граѓаните, ЈО и Народниот правобранител да поведат постапки против нив
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Igor-Janushev.jpg)
„Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски се креаторите на хаосот со роковите на важење на личните карти и возачките дозволи со тоа што свесно ги довеле граѓаните во трошок и им нанеле материјална штета. Имено, иако Спасовски и Ковачевски знаеле дека од февруари 2024 години личните карти и возачките дозволи нема да важат, само заради договорот кој тие го потпишаа решиле да ги издаваат документите“, кажа Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„И Спасовски и Ковачевски до пред месец дена лажеа дека граѓаните нема да плаќаат казни доколку имаат возачки дозволи со Република Македонија, за вчера да мораме да одржиме итна седница во Собранието за да го спречиме хаосот кои тие го создадоа со донесување на законски измени поднесени од Министерот за внатрешни работи.
Двоецот на СДС – Спасовски и Ковачевски нанесоа материјална штета на десетици илјади граѓани. СДС знаеле дека личните документи нема да важат и свесно молчеле за да не бидат предмет на критика од народот.
Го повикуваме ЈО да постапува согласно закон и да поведе постапка, но и Народниот правобранител да ги заштити граѓаните кои ги извадиле соодветните документи.
Очекуваме од ЈО и Народниот правобранител да поведат постапка против Спасовски и Ковачевски и владата во целост, која ја довела целата нација во заблуда и материјален трошок.
Загрозени се основните човекови права, и само заради власта во заминување на СДС и ДУИ голем број на граѓани не можат слободно да се движат надвор од Република Македонија, а да не беа законските измени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во целост ќе беше блокиран и внатрешниот сообраќај.
Спасовски и Ковачевски мора да се соочат со одговорност. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, изјави Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.