Македонија
(Видео) Јанушев: Ќе организираме отворени денови во општинските комитети и директни средби со граѓаните

„Разговори за обнова на Македонија“ покажаа дека граѓаните живеат тешко време исполнето со несигурност, револт и многу нерешени проблеми. Македонија е на погрешна патека, а власта само го троши времето. Секој изминат ден значи нови проблеми, нови осиромашувања, нов удар врз достоинството на нацијата и земјата, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Секој поминат ден значи нов нерешен криминал, нова неправда и несигурност за обичниот човек. Оваа власт владее со измами и лаги, а на сè што градеше поени, секоја клевета и лага се враќа како бумеранг. Патот кон Европа има многу предизвици, многу проблеми, но еден, се чини, е најголем, кој упорно турка наназад и ја одзема иднината. И тој проблем се вика Зоран Заев. Овој човек не умее да испорача резултати, а најмалку европска иднина. На граѓаните им е потребна обнова и затоа се спремни да се изборат како никогаш порано. Тоа го говори огромниот одѕив на граѓаните во акцијата, односно кампањата „Разговори за обнова на Македонија“, каде што досега над 15.000 граѓани се обратија со проблеми.
Тие се жалат на сиромаштијата, неправдите што стегаат, ударите врз достоинството и бесценетите работи што Заев и власта ги продаваат. Се жалат поради урнисаното земјоделство, иселувањето, криминалот и корупцијата и ударот врз бизнисот. И особено охрабрува огромниот интерес на над 15.000 граѓани, кои проговорија за она што ги мачи и побараа решение. Ова нас н2 обврзува да ја продолжиме оваа акција и да работиме уште поинтензивно, уште понапорно на решенија, кои ќе бидат дел од нашата нова програма.
Поради големиот интерес граѓаните да проговорат за проблемите, но и заедно да стигнеме до решенија, одлучивме „Разговори за обнова на Македонија“ да ги прошириме со уште две акции во корист на граѓаните. Првата е организирање отворени денови во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Втората е средби на микрониво преку директен и личен контакт преку месните заедници.
Ова значи дека покрај редовните посети во рамките на „Разговори за обнова на Македонија“ и отворените т.н. корнери, односно штандови, кои досега ги организираме во градовите каде што граѓаните може да ги споделат проблемите за кои ќе понудиме решенија, сега ја прошируваме активноста со уште две можности: отворени денови во општинските комитети и непосредни и лични средби во месните заедници.
Отворените денови почнуваат од утре, 16 октомври, во сите штабови на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија и ќе продолжат секоја среда во периодот од 17 до 19 часот. Средбите во месните заедници во сите населени места во Република Македонија ќе се одвиваат за време на викендите почнувајќи токму од викендов, односно до 19-20 октомври.
Ги повикувам сите граѓани што го живеат ова тешко време да се приклучат и да земат учество во „Разговори за обнова на Македонија“. Огромниот одѕив досега за нас е обврска да продолжиме уште посилно и уште поорганизирано. Народот бара и ќе се избори за обнова. Годината што следува ќе биде година на промени“, порача Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитров во посета на балтичките земји Латвија и Литванија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Рига и Вилнус.
Во рамки на утрешната посета на Латвија, предвидено е вицепремиерот Димитров да се сретне со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент (Saeima) – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи, и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања. Во Литванија, пак, в петок, вицепремиерот Димитров ќе биде примен од премиерката Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик-спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот Парламент (Seimas).
Балтичката турнеја на Димитров ќе биде заокружена со посета на Естонија во почетокот на мај. Таа е продолжение на серијата посети на Димитров во главни градови на ЕУ земји членки. Како и во Германија, Словенија, Хрватска, Австрија, така и во овие две балтички земји, кои се дел од групата „Пријатели на проширувањето“, ЗПВ Димитров ќе разговара со високите претставници на Латвија и Литванија во контекст на нивната поддршка за европското досие на Северна Македонија. На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома.
Ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на билатералната соработка за успешно спроведување на европските реформи преку конкретна техничка поддршка, како и продлабочување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и интензивирање на економската и трговска размена.
Македонија
Сончево време со умерена облачност и температури до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, а во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните два дена утринските температури на места ќе се спуштат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Македонија
Делови од Скопје и околината без струја

Од „ЕВН“ Македонија информираат дека денеска во одредени временски периоди без електрична енергија ќе останат некои делови од Скопје и околината.
Според информациите од таму, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
Во периодот од 7:30 до 15:30 часот, корисниците од дел на улиците со број: 405, 406, 408, 415, како и делот кон ул.Мост Илинден (општина Илинден), во периодот од 9:00 до 16:00 часот, корисниците од село Ново Село, освен куќите покрај реката Вардар (општина Зелениково), од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Ефтим Стространов броевите:16, 18, 20, 22, , како и делот на улицата Димитар Мирасчиев броевите: 12, 14, 16, 18, 20 (општина Кисела Вода) и во периодот од 8:30 до 10:00часот корисниците с. Студеничани околу старата џамија и училиштето во селото, како и репетиторот на АД Македонски телеком (општина Студеничани).
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?