Контакт

Македонија

(Видео) „30% повисоки права од социјална и детска заштита, 35% повисока поддршка за инвалидски организации“, вели Ковачевски

Објавено пред

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, на којашто се разговараше за ефектите од досегашните мерки, за идните мерки, за предлозите на инвалидските организации, со цел подобрување на животот на лицата со попреченост и остварување на нивните права во сите сфери на општеството.

dobivaj vesti na viber

На средбата, Ковачевски порача дека грижата за лицата со попреченост е одговорност на секоја Влада и секогаш била високо на агендата од приоритетите на Владата предводена од СДСМ. Во изјавата за медиуми, Ковачевски потенцираше дека во изминатите седум години се креираа низа мерки за лицата со попреченост и за нивната вклученост во општеството.

„Еден од клучните документи за кои и во детали разговаравме на состанокот е Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027, којашто 70% е реализирана и со чија помош нема повеќе деца до 18 години сместени во институции, додека за возрасните, досега 300 лица со попреченост се преселени во 54 станбени единици. Го зголемивме бројот на лиценцирани даватели на социјални услуги, сега има 118 даватели на услуги на ниво на државата. Со новиот Закон за социјална заштита од 2019 година правото за попреченост се прошири и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголеми до 50% од просечна нето плата без разлика на возраста на децата. Тоа претставува значително зголемување, бидејќи не само што е зголемен процентот туку е и зголемена просечната плата на ниво на држава“, рече Ковачевски.

Како дел од мерките е воведувањето на услугата „лична асистенција за лица со потешка или најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица“, која се прошири и за лицата со комбинирана попреченост. Се воведе и услугата помош и нега во домот за децата и лицата со интелектуална попреченост или стари лица со намалена функционалност.

„И во време на криза како што никој не беше оставен сам, не беа заборавени и оваа категорија на граѓани. Тие беа врвен приоритет во делот на справувањето со кризата. Во деветтиот пакет антикризни мерки по 2.000 денари месечно во период од 5 месеци се обезбедија за граѓаните корисници на правото за попреченост и родителите на децата со попреченост кои користат посебен додаток“, рече Ковачевски.

Во однос на мерките во образовниот процес, Ковачевски потенцираше дека сите посебни училишта се трансформирани во основни училишта со ресурсен центар, додека посебните паралелки, 23 на број, во центри за поддршка. Со тоа, бројот на запишани деца со попреченост во редовните основни училишта и во центрите за поддршка во рамки на редовните училишта е зголемен на 2.108 запишани ученици, за разлика од претходно кога беа запишани 365 деца со попреченост.

„За 15% се зголеми висината на посебниот додаток, се намали возрасната граница за користење на правото за траен надоместок за родителите кои чувале дете со попреченост без да го сместат во институција (од 64 на 62 години за мажи и од 62 на 60 за жени), а се обезбеди вклучување на децата и лицата со комбинирани пречки во услугата за лична асистенција. Со усогласувањето на трошоците за живот, правата на ГМП за сите лица со попреченост од сите категории, знаете дека Владите на СДСМ ги зголемија за речиси 300%, а само минатата година беа зголемени за 14,2%“, посочи Ковачевски.

Во однос на вклучување на лицата со попреченост на пазарот на труд, досега се реализирани вработувања на 13.442 лица со попреченост, во јавен и државен сектор и 387 регистрирани трговци поединци. Ковачевски порача дека грижата за лицата со попреченост продолжува и со мерките од новата програма на СДСМ, во која покрај зголемување на износите на паричните права, ќе се работи на развој на социјални услуги кои ќе овозможат целосна инклузија на лицата започнувајќи најважно и најпрво од образовниот процес.

„Ќе овозможиме континуирана поддршка на ученици со попреченост во основно и средно образование, како и доволен број на стручен кадар за помош и поддршка на учениците со попреченост. Вие знаете дека досега ангажиравме 720 лични асистенти за ученици со попреченост во училиштата ширум државата. За 30% ќе се зголемат правата од социјална и детска заштита. За 35% ќе се зголеми финансиската поддршка на Националните инвалидски организации до 2028 година. Ќе формираме 8 регионални рехабилитациони центри за деца и лица со аутизам, интелектуална попреченост и слични развојни нарушувања“, рече Ковачевски.

„Со нов Закон за социјално претприемништво, ќе се овозможи поддршка за развој на социјални претпријатија кои ангажираат лица со попреченост. Исто така, во новата Програма на СДСМ, предвидено е ослободување од царински давачки за суплементи кои се користат за лицата со попреченост и лицата со ретки болести. Лицата со попреченост е високо на агендата на нашата партија, на нашите приоритети, овие граѓани заслужуваат и имаат право да бидат активни чинители во општеството, право на личен избор кога, каде и како ќе се движат, имаат право на самоопределување, самопочит и достоинство“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Скопје

Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Карпош

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Крсто Раковски во општина Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улица бр. 103 во населба Волково во општина Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија.

Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците на улицата Кленоец бр. 69 и објектите во околината на ТИНЕКС-МАРКЕТ во општина Карпош ќе останат без струја.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во западните делови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Стабилизирање на времето се очекува од петок.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев

Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во...

Македонија20 часа

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“ во мрак, луѓето со блиц од мобилен минуваат на пешачки (ВИДЕО)

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж...

Македонија22 часа

Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)

Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била...

Македонија24 часа

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35...

Македонија1 ден

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...

Македонија2 дена

Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките...

Топ2 дена

При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе...

Регион2 дена

Ден посветен на Данка Илиќ: Центарот за исчезнати и малтретирани деца празникот го посвети на девојчето од Бор

Центарот за исчезнати и малтретирани деца денеска, Меѓународниот ден на исчезнатите деца, го посвети на двегодишната Данка Илиќ од Бор,...

Македонија2 дена

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои...

Македонија2 дена

Поради реконструкција, без вода жителите на Водно, Козле, Клиничкиот центар, а во Сарај ќе има намалување на притисокот на водоснабдување

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за пуштање на употреба на нова водоводна мрежа во реоните Сарај и Центар. ЈП...

Македонија2 дена

Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. На...

Свет3 дена

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува...

Свет3 дена

Судот во Хаг му нареди на Израел да ја прекине офанзивата на Рафах

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска одлучи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива и другите дејствија во...

Македонија3 дена

Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа...

Македонија3 дена

Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот...

Македонија3 дена

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади, денес ги има повеќе од било кога

Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да...

Топ3 дена

Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор...

Европа3 дена

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде...

Македонија3 дена

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...