Контакт

Македонија

Викендов дожд и грмежи, од понеделник пораст на температурите

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, јавува УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи со засилување на претежно западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

В недела нестабилноста ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата. Од понеделник следува сончево време со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.

Македонија

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, утре во 12 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Преку парите од струјата се богатат фирми на газди блиски до Заеви

Објавено пред

Покачувањето на струјата е директен удар врз граѓаните на Република Македонија кои повторно се изманипулирани од Зоран Заев и СДСМ, кои пак претходно им гарантираа на граѓаните дека нема никакви шанси да се покачи цената на струјата, обвини на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој покрена сомнежои дека зад покачувањето на цената на струјата отворено стојат бизнис интереси на семејството Заеви.

„Државната компанија ЕСМ, како производител на струја продава 100% од своето производство на универзалниот снабдувач со електрична енергија, наместо 75% како што тоа е регулирано со закон, и со тоа свесно губи профит на сметка на универзалниот снабдувач, кој пак е приватна компанија. Па така на универзалниот снабдувач му се овозможува висок профит и поголема заработувачка. Индициите за злоупотреби се во договорите склучувани од страна на универзалниот снабдувач со приватни компании, кои испумпуваат големи суми на пари. А, тие компании имаме реална причина да веруваме и да се сомневаме дека се тесно поврзани со семејството Заеви“, објасни Арсовски.

Тој нагласи дека компанијата која е универзален снабдувач склучила договор за обезбедување со агенција, чиј сопственик е од Струмица.

„Истите сопственици на оваа агенција за обезбедување преку семејството партиципираат и во бизнисот со марихуана, бизнис за кој им беше дадена лиценца директно од Владата на Зоран Заев и СДСМ. Дали на универзалниот снабдувач му се дава висок профит, за преку приватни компании кои влечат корени од Струмица, истите пари да се вадат на приватни сметки и да се слеваат во семејството Заеви“, запраша портпраолот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека агенцијата за обезбедување, чиј газда е од Струмица, со универзалниот снабдувач на електрична енергија склучила договори вредни близу 17 милиони евра.

„Само за обезбедување оваа струмичка компанија земала околу 17 милиони евра од универзалниот снабдувач, према кој граѓаните плаќаат повисока цена на струја, благодарение на СДСМ и Заеви. Има вкупно четири договори, во висина од милијарда 27 милиони 482 илјади денари или речиси 17 милиони евра, пари кои одат од граѓаните кои плаќаат струја“, кажа Арсовски и запраша дали заради ова сега СДСМ преку РКЕ побара поскапување на цената на струјата и дали овие пари биле употребени, во како што рече, масовниот поткуп на граѓани извршен од Зоран Заев и СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Објавено пред

Алијансата за Албанците и Алтернатива нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се одржи утре по иницијатива на Демократската Унија за Интеграција.

Зијадин Села и Африм Гаши велат дека ја прифаќаат поканата, но бараат средбата да се одржи по 17 август, а не утре.

„Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков, сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.08.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата“, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернатива до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Според извори од БЕСА, ни нивниот лидер Биљал Касами нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии. Тој, наводно, не сакал да биде дел од состанокот, но од БЕСА прецизираат дека засега се уште нема официјална одлука на партиските тела.

Конкретен одговор нема ниту од лидерот на ДПА Мендух Тачи.

ДУИ сепак не ја откажува средбата, а од партијата велат дека остануваат достапни и отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум.

Партијата им се заблагодари на сите албански парламентарни партии за, како што велат, коректната комуникација, потврдниот одговор и добронамерните предлози за состанокот.  Велат дека предложениот дневен ред за состанокот на 13 август може да биде дополнет и изменет со предлози од сите учесници за време на заедничката средба.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на заедничка маса ги покани Билал Касами, Зијадин Села, Африм Гаши и Мендух Тачи. Утре се одбележува годишнината од Рамковниот договор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре во 12 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери...

Македонија26 минути

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернатива нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија2 часа

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а пак Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да...

Македонија2 часа

Засега нема воведување на ПЦР тестови за граѓаните кои транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување на ПЦР тестови за граѓанитекои транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни...

Македонија2 часа

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ3 часа

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија3 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет4 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија5 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија5 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет6 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет6 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет6 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија7 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија21 час

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија22 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа22 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија22 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија23 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија1 ден

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Досие