Македонија
Вкупно 15 починати и 361 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистрирани се 361 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево по 2 и по еден заразен во Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 8 починати лица – 4 од Скопје (61, 71, 71 и 83 години), 3 од Битола (70, 74 и 84 години) и едно починато лице од Куманово (47). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 7 смртни случаи во периодот од 26 ноември до 8 декември. Меѓу починатите, тројца се од Тетово и по двајца од Скопје и Гостивар. Лицата биле на возраст од 47 до 88 години, а од нив черворица се починати во домашни, а тројца во болнички услови.
Во изнинатите 24 часа регистрирани сe и 433 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 182, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 23, Штип – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 14, Тетово – 13, Струмица – 11, Велес и Делчево по 10, Кочани – 8, Крива Паланка – 6, Берово и Охрид по 5, Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица по 4, Македонски Брод и Кратово по 3, Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија по 2 и по еден оздравен од Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен.
Направените 3.028 теста се преку: ИЈЗ – 312, ЦЈЗ Скопје – 47, ЦЈЗ Битола – 63, ЦЈЗ Прилеп – 44, ЦЈЗ Тетово – 9, ЦЈЗ Куманово – 74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 3, лабораторија во болницата во Козле – 18, УК Пулмологија со алергологија – 2, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 80, „Авицена“ – 156, „Биотек“ – 220, „Систина“ – 77, лабораторија „Лаор“ – 114, „Синлаб“ – 16, „Ремедика“ – 12, „Плодност“ – 49, „Генеа“ – 13, „Никоб лаб“ – 365, „ВФВ медикал“ – 54, „Ели медика“ – 49, „Ројал медика“ – 27, „Спектра-ММ“ – 10, „Рапид лаб“ – 4, „Жан Митрев Струмица“ – 17, „Нова лаб дијагностика“ – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.188.
Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 95.753, Активни 2.739
Куманово 12.979, Активни 178
Тетово 11.361, Активни 79
Прилеп 10.426, Активни 348
Битола 8.913, Активни 484
Гостивар 8.077, Активни 21
Велес 7.374, Активни 167
Кавадарци 7.142, Активни 245
Штип 6.635, Активни 97
Охрид 6.560, Активни 209
Струмица 6.160, Активни 105
Кичево 4.241, Активни 45
Кочани 4.055, Активни 111
Струга 3.913, Активни 35
Гевгелија 2.828, Активни 75
Неготино 2.586, Активни 42
Свети Николе 2.128, Активни 39
Крива Паланка 1.914, Активни 65
Ресен 1.770, Активни 60
Радовиш 1.765, Активни 62
Берово 1.470, Активни 54
Дебар 1.456, Активни 0
Делчево 1.435, Активни 99
Виница 1162, Активни 15
Пробиштип 1.128, Активни 23
Валандово 962, Активни 41
Кратово 779, Активни 25
Богданци 648, Активни 18
Демир Хисар 623, Активни 49
Крушево 596, Активни 32
Македонски Брод 510, Активни 16
Демир Капија 426, Активни 2
Македонска Каменица 421, Активни 23
Пехчево 355, Активни 9
Дојран 172, Активни 8
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.