Македонија
„Владата во заминување наголемо краде преку јавните набавки за лекови“, вели Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/lekovi-apteki.jpg)
„Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување наголемо краде преку јавните набавки за лекови! Наместо нова позитивна листа, наголемо се спроведуваат јавни набавки со вртоглаво високи износи за помалку лекови. Или власта во заминување и во овој меѓупериод до формирање нова влада лови во матно или никако да престане со полнење на личните џебови“, пишува Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.
„Наместо домаќинско трошење, еднаков и постојан пристап до лекови, власта во заминување демотивира и прави чекори со кои се нарушува континуитетот во снабдувањето.
Во перидот до назначување на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ апелираме сите оние што особено сега се интензивно вклучени во процесите за набавки на лекови да бидат совесни и свесни за периодот што следува.
Укажуваме дека периодот што ќе следува ќе биде историски значаен за здравствениот систем во Македонија.
1. Ќе се работи интензивно и професионално за воспоставување добро познати позитивни процеси со цел обезбедување повеќе лекови за сите пациенти по поволни цени и пониски трошоци, и за пациентите и за системот, што делумно ќе го реконструираме и преку позитивната листа.
2. Ќе се работи домаќински со добро планирање, мониторирање и контрола на прометот и јавните набавки на лекови со цел лековите да ги добијат сите пациенти.
ВМРО-ДПМНЕ со Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на непотизмот, корупцијата и криминалот во здравството, а ќе воведеме мерит-систем, нови лекови на позитивна листа, соодветни услови за работа на медицинскиот кадар“, се наведува во фејсбук-објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.