Македонија
Владата дозволи користење електронски цигари во затворени простории

На вчерашната седница Владата го усвои мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, односно електронските цигари не спаѓаат под забраната за пушење од Законот за заштита од пушењето.
„Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронските цигари не претставува пушење и следствено на тоа не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно тие може да се користат и во затворениот дел од јавните простории имајќи ги предвид одредбите од член 3 став 1 точка 3 од Законот за тутунот, производите од тутун и сродните производи. Ова оттаму што според оваа одредба пушењето е дефинирано како ‘поседување или користење тутунски производ што согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува’“, се наведува во соопштението на Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Разнесен банкомат во Чаир

Утрово во Чаир е разнесен банкомат.
Според информациите, со експлозив бил разнесен банкомат на НЛБ банката, кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот.
Македонија
Променливо облачно, попладне дожд

Претпладне променливо облачно, попладне во северозападниот дел ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени.
Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 26 степени.
Македонија
На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така и од граѓаните. Јовев добива поддршка, а неговата смена е дочекана со критики. На социјалните мрежи има и јавни личности кои изразуваат поддршка и бараат одлуката за промена да биде итно повлечена.
„Не вирее професионалец овде“, напиша докторот Ненад Лазаров.
Со став се јави и докторот Александар Стојкоски, актуелен градоначалник на Ѓорче Петров.
„Со вакви мерки стимулирате само повеќе карти во еден правец надвор од државава! Има разлика“, напиша тој.
Актерката Ирена Ристиќ испрати порака до министерот за здравство Меџити.
„Ако првата трансплантација на срце и уште неколку други кои уследија после тоа, не се резултат и тоа за највисоки почести во државава, онда не знам што е!!! Меџити, добар ли си со глаата?! Ќе ни носиш доктори од Тетовскиот?! Мрш!!! Поддршка за доктор Јовев!!!“, напиша Ристиќ.
И ова не се единствените јавни пораки.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што ги правеше трансплантациите на срце. На прашањето зошто го разрешил, министерот Меџити рече дека на клиниките нема да остави директори што спијат и немаат резултати.
„Нема да има директори што седат, спијат и немаат резултати. Затоа е здравството во ваква амортизирана состојба. Ова е само почеток, со мене како министер и со кабинетот нема никој повеќе да седи, ќе поднесе извештај што има сработено“, рече министерот Меџити по денешната промоција на можноста за електронско пријавување новороденчиња.