Контакт

Македонија

Владата донесе препораки за антикорупциска едукација на учениците

Објавено пред

Владата ја донесе Информацијата за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 и го задолжи Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието со писмен допис и оваа учебна година да ги извести сите основни училишта за потребата од планирање на антикорупциски содржини во своите годишни програми.

Согласно дописот, се очекува во учебната 2019/2020 година училиштата да ги реализираат планираните активности од нивните годишни програми за работа кои се однесуваат на активности поврзани со антикорупциската едукација на учениците.

Македонија

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Објавено пред

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, имаше средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, на која беше поздравено донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Заеднички се констататира дека со овој чин, Република Северна Македонија демонстрира силна политичка волја за продолжување на реформите во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата, испраќајќи силна порака кон меѓународната јавност за политичката заложба на нашата земја кон носење на конзистентни одлуки во еден комплексен предизборен период, кога станува збор за преземање неопходни чекори за продолжување на европскиот курс на земјата.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Буриќ, ги поздрави судските реформи во нашата држава, оддаде признание за севкупниот направен прогрес и даде отворена поддршка за сите процеси кои имаат за цел подобрување на нашето опптество.

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, за време на посетата на Женева оствари повеќе средби и разговори со министрите за надворешни работи на Германија, Мас; на Франција, Ле Дриан; на Данска, Кофод; на Австрија, Шаленберг; на Хрватска, Радман; на Грција, Никола Дендиас; односно ЗМНР на Албанија, Агрон Таре; на Романија, Корнел Ферута; на Катар, Лолва Рашид Ал Катер; на Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Ал Агарман и на Јапонија, Оми Асако.

На средбите од страна на Жерновски беа повторени стратешките приоритети на земјата, како и побарана поддршка за кандидатурата за членство на земјата во Советот за човекови права на ОН за периодот 2025-2027. Воедно, кусо информираше и за активностите кои во континуитет на национален план се преземаат, со цел доследна промоција и заштита на човековите слободи и права.

Во фокусот на разговорите со колегите од земјите членки на ЕУ беа и европските интеграции на Република Северна Македонија, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

Од страна на соговорниците беше посочено дека методологијата ги задоволува барањата на земјите членки, што го враќа оптимизмот во процесот на проширување, враќајќи го со тоа и кредибилитетот на Европската Унија во регионот, кој по октомвриските самити беше значително нарушен.

Жерновски упати оптимизам во пресрет на пролетните самити на ЕУ, под палката на Хрватското претседателство, при што нагласи „Очекуваме Советот да ја исполни обврската која си ја постави, ова е наш заедничкиот влог, нека темата за проширувањето на ЕУ биде точка на обединување меѓу земјите членки”.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара итна ревизија на работата на судиите во Врховниот суд

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение ја повтори заложбата за итна и неодложна ревизија на работата на судиите во Врховниот суд. Ова е едно од барањата што синоќа на маршот на ВМРО-ДПМНЕ за правда го посочи претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кој порача дека таму каде што ќе бидат утврдени неправилности потребни се оставки и одговорност пред законите.

„Снимката што ја слушна јавноста покажува дека Врховен носел пресуди по ‘трас-трас’ системот на Заев, а за целиот процес запознаена била и Катица. Одговорност за Заев мора да има. Заев мора да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, но не со ова обвинителство, туку со обвинителство во кое ќе бидат обвинители предложени од експертската јавност, луѓе кои уживаат кредибилитет во фелата и имаат интегритет. Во Врховниот суд  на Република Македонија мора да има итна и неодложна ревизија на работата на судиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека е неопходна и итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска се одбележуваат 16 години од смртта на Борис Трајковски

Објавено пред

Денеска се одбележуваат 16 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

По тој повод, министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, ќе ја предводи делегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски кај Ротимље. Во делегацијата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски.

Цвеќе на гробот на Трајковски на Градските гробишта Бутел ќе положи делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица цвеќе ќе положи владина делегација во состав министер за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Владиниот „кингер” со којшто патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година се урна во близина на Мостар. Беше предвидено авионот да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.

Во несреќата покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Борис Трајковски беше инаугуриран на 15 декември 1999-та година, наследувајќи го Киро Глигоров.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 минути

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа23 минути

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава43 минути

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија2 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија2 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија3 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт13 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија15 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија15 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија19 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија19 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија21 час

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион22 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија23 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион1 ден

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт1 ден

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија1 ден

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Досие