Контакт

Македонија

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Објавено пред

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, потврди дека вчера до македонското Министерство за надворешни работи од бугарската амбасада е пристигнато такво барање.

„Во согласност со законските процедури, Владата допрва ќе се произнесе по нивното барање. Сè дотогаш не би можел да дадам конкретни податоци. Следува вообичана постапка и кога ќе има одлука, ќе информираме соодветно“, рече Бошњаковски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива по една лента поради лавина од снег

Објавено пред

Поради лавина од снег, сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива по една лента, соопшти АМСМ.

„Околу 13:20 часот на патот Маврово- Дебар, кај местото викано Врбјанска раскрсница, има лавина од снег. Затворена е една коловозна лента, а по другата сообраќајот се одвива наизменично“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров-Чавушоглу: Турција продолжува максимално да ја поддржува Македонија

Објавено пред

Во рамки на работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со претседателот на  Собранието, Бинали Јилдирим, а претстојат средби со министерот за одбрана, Хулуси Акар и високи претставници во Кабинетот на претседателот Ердоган.

„На средбата со Чавушоглу беше потврдена посветеноста на двете страни за натамошно градење на блиски, пријателски и партнерски меѓусебни односи. Се дискутираа можностите за подобрување на соработката во економијата, инвестициите, образованието, културата итн. Министерот Чавушоглу потенцираше дека Република Турција и понатаму максимално ќе ја поддржува Република Македонија во евроатлантските интеграции. Тој позитивно ги оцени најновите случувања во Република Македонија во тој контекст“, соопштија од МНР.

За време на разговорите министерот Димитров истакна: „Ги затвораме отворените прашања со цел да ја извадиме Македонија од равенката на несигурност, преку членството во НАТО и ЕУ. Во исто време не смееме да ги заборавиме нашите пријатели кои не’ поддржуваат на тој пат од самиот почеток.”

Министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви помеѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји.

На средбата со Јилдирим биле разменети ставови за унапредување на комуникациите меѓу највисоките законодавни тела во двете држави во сферата на парламентарната дипломатија и особено поттикнувањето на конкретни и заеднички активности помеѓу Групите за пријателство и повеќе комисии во двата Парламенти.

На средбата со министерот за одбрана, Хулуси Акар се очекува министрите да дискутираат за турската поддршка за полноправно членство на Република Македонија во НАТО. Ќе се разговара и за подготвеноста на Турција за конкретни активности кога се во прашање осовременувањето на вооружените сили на Република Македонија, помош во опрема и обука на нашите војници и старешини, како и подготовки во оперативна и воено-техничка подготвеност според стандардите на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери се сретна со Романо Проди, добитник на Светската награда за хуманизам за 2019

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со Романо Проди, кој актуелно е универзитетски професор, а претходно двапати беше премиер на Италија и поранешен претседател на Европската комисија.

Повод за оваа средба е номинирањето на Проди за добивање на годинешната Светска награда за хуманизам, награда утврдена од Охридската академија за хуманизам и која му се доделува за неговиот уникатен придонес кон перспективата на модерната цивилизација.

Џафери во својот вовед нагласи дека оваа награда доаѓа во право време кај вистинскиот човек имајќи на ум дека Проди беше дел од претседателството на Европската Унија во навистина критичните моменти за нашиот регион и ова е крунисување на неговиот хуман придонес.

Во продолжение претседателот на Собранието го информира соговорникот за актуелните политички развои, односно за ангажманот на новата владина коалиција за воспоставување добрососедски односи со соседите, со цел непречено одвивање на евро-атлантските интеграции на земјата, на што Проди потврди дека Република Македонија треба повторно да биде ставена во првиот ред за пристапување во Европската Унија затоа што процесот е веќе одамна почнат и сега само треба да се продолжи, а тој ќе го искористи целиот свој капацитет во таа насока.

Претседателот Џафери потврди дека сега сите сили ќе се насочат кон затворање на поглавјата и кон економските прашања затоа што, кога политиката отвора пат на економијата, тогаш придобивките се реални и видливи за граѓаните. Проди, воден од своето искуство, се согласи дека малите земји уште повеќе ги чувствуваат придобивките од членството во Унијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Миленко Неделковски: Не сум виновен

Новинарот и водител Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на...

Македонија1 час

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), која се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија2 часа

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во...

Македонија4 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија4 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет4 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет5 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести5 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет6 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет7 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет7 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион17 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа18 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија19 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија22 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија23 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија23 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија24 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија1 ден

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 ден

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Досие