Македонија
Владата усвои протокол за почеток на учебната година на 1 октомври
Владата попладнево на седница усвои протокол за почеток на учебната година на 1 октомври наместо на 1 септември.
„Владата денеска донесе одлука за формирање работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на Ковид-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното“, соопшти Владата.
Во рамките на заклучоците по оваа точка, Владата го задолжи МОН да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1 септември да почне на 1 октомври.
Претходно денеска мандаторот Зоран Заев кажа дека тенденцијата на новата влада ќе биде учебната година да почне на 1 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски
Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на мајката и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост.
„Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град.
Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината.
Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.
Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува.
Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“.
Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество, напиша Ѓорѓиевски.
„Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност.
Искрени честитки до мајката Емилија.
Посакувам здравје, среќа и многу успеси.
Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година“.
Македонија
Денеска сончево и студено, од сабота облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките населени места
Времето во текот на денот, претежно сончево и студено, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно ојужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.

