Македонија
Владата: Реформата во образованието ќе се носи исклучиво преку јавен и аргументиран процес
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и членовите на работната група за реформи во основното образование денеска ги презентираа основите на образовната реформа пред премиерот Зоран Заев и пред членови на неговиот кабинет.
Од Владата соопштија дека Заев на средбата изразил поддршка за неопходноста од реформи на образовните програми осврнувајќи се на потребата од современо и квалитетно образование како предуслов за економски напредок и за општествена трансформација базирана на вредности.
„На презентацијата особено внимание беше ставено на фактите што говорат за неопходноста од образовни реформи без одлагање, како што се ниските оценки за нашето образование на меѓународните тестирања на учениците, наодите и мислењата на меѓународните и домашните институции за образовните програми, како и мислењето на родителите и на наставниците и, пред сѐ, мислењата на учениците. Од анализите што се користени утврдено е дека е потребно образование што учениците го доживуваат како корисно и интересно, а не напорно и досадно, образование што ги учи децата да учат преку разбирање и сопствено критичко мислење, а не на памет“, се наведува во соопштението на Владата.
Се разговарало дека со новата концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење, кои во моментот може да си ги дозволат само некои од граѓаните.
„Особено внимание беше посветено на потребата од темелна наместо паушална реформа, која ќе ги отстрани клучните недостатоци на нашиот образовен систем, како што се политизацијата на училиштата, содржините на учебниците, кои не се соодветни на времето во кое живееме и на потребите на децата, како и слабата мотивација на наставниците“, соопштија од Владата.
Премиерот Заев на средбата нагласил дека Владата, Министерството за образование и наука, како и работната група, остануваат на ставот да ги поттикнуваат сите заинтересирани да се вклучат во јавната дебата, да придонесат со свои предлози, сугестии, коментари и критики преку активно учество во тековните јавни расправи на МОН, како и со испраќање писмени предлози до надлежното Министерство и Бирото за развој на образованието.
Со цел активно и сеопфатно вклучување во јавната расправа, Владата ќе иницира до Собранието да организира јавна консултација на која ќе учествуваат сите засегнати страни и на која ќе се презентираат разни и спротивставени аргументи за да се стигне до најдобри решенија.
„И Владата и МОН остануваат на ставот дека реформата ќе се носи исклучиво преку јавен, аргументиран, критички и отворен процес бидејќи во основата на оваа реформа се токму критичкото мислење, разбирањето и прифаќањето разни, но добро аргументирани решенија“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

