Македонија
Владина делегација положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево
Владина делегација положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево.
Утринската програма од централните државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на Претседателот Стево Пендаровски започнаа со панихида во храмoт Св. Никола.
Владината делегација во овој дел од програмата предводена од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во чиј состав уште беа и министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани, положи венци свежо цвеќе на гробот на Никола Карев на споменикот на хероите Слива, кој го претставува симболот на јунаштвото и саможртвата на македонските востаници при одбраната на Крушевската Република.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

